Зоки Фаци ќе оди на операција во Истанбул: „Исплашен сум, ова ми е трета операција – но се обидувам со добра мисла да победам“

„Веќе нема да се чека, Зоки Фаци ќе оди на лекување во Истанбул“ – ова го соопшти на Фејсбук неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров. Зоки, пак, признава дека е исплашен пред третата операција, но се обидува со добра мисла и позитивна енергија да го победи ракот.

zoki-faci-kje-odi-na-operacija-vo-istanbul-isplashen-sum-ova-mi-e-treta-operacija-no-se-obiduvam-so-dobra-misla-da-pobedam-01.jpg

Во саботата Стефан Лазаров објави јавен апел за собирање донации за да му се помогне на новинарот Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, да оди на операција во која ќе му биде отстранет туморот со големина од 25cm.

zoki-faci-kje-odi-na-operacija-vo-istanbul-isplashen-sum-ova-mi-e-treta-operacija-no-se-obiduvam-so-dobra-misla-da-pobedam-02.jpg

Вчера, во понеделникот (19.08), доцна вечерта Стефан соопшти дека се при крај со собирање на средствата и дека Зоки дефинитивно ќе оди на лекување во Турција.

„Здраво луѓе, можам да ве известам и израдувам дека Зоки официјално ќе се лекува во Турција поради вашата помош!

Во моментов ја чека понудата од болницата и колку ќе чини целиот процес за да знаеме на што сме. Можам да ви потврдам дека сме при самиот крај, но најбитно од сè е дека веќе нема да се чека и за неколку дена тој оди во Истанбул... Да сте ми живи и здрави!“ – порача Стефан.

zoki-faci-kje-odi-na-operacija-vo-istanbul-isplashen-sum-ova-mi-e-treta-operacija-no-se-obiduvam-so-dobra-misla-da-pobedam-005.jpg

Инаку вчера во текот на денот и Зоки им се обрати на своите следбеници на Инстаграм.

zoki-faci-kje-odi-na-operacija-vo-istanbul-isplashen-sum-ova-mi-e-treta-operacija-no-se-obiduvam-so-dobra-misla-da-pobedam-04.jpg

Тој им се заблагодари на сите оние што несебично му ја дале поддршката во неговата борба за животот.

„На сите пријатели, роднини, луѓе коишто не ги познавам сакам да им кажам: ‘Фала’, затоа што поминувам низ некој тежок период.

Односно ова ќе биде моја трета операција. Сакам само да ве известам дека во Истанбул веќе ме чекаат, најавен сум во најголемата болница за канцер во Европа.

zoki-faci-kje-odi-na-operacija-vo-istanbul-isplashen-sum-ova-mi-e-treta-operacija-no-se-obiduvam-so-dobra-misla-da-pobedam-06.jpg

Јас секогаш сум бил искрен со вас, сакам да бидам искрен и со вас, и пред јавноста и пред Бога. Сакам само да ви кажам дека многу сум исплашен.

Ова ќе ми биде трета операција во Истанбул, ама јас ќе се потрудам да ја издржам и таа на нога.

Знаете, тешко е – ракот е многу тежок противник, ама јас се обидувам со добра мисла и со позитивна енергија да го победам...

Така што - држете ми среќа, наскоро купувам карта и одам за Истанбул“  - рече Зоки во Инстаграм Стори.

zoki-faci-kje-odi-na-operacija-vo-istanbul-isplashen-sum-ova-mi-e-treta-operacija-no-se-obiduvam-so-dobra-misla-da-pobedam-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg