Зоки Фаци во сабота заминува на операција во Турција: „По 20 години кариера, сфатив колку Македонија ме сака“

„Хемотерапиите мислам дека ми го уништија животот. Во Државна болница ми рекоа дека треба да чекам до крај на септември“ - појасни новинарот Зоран Василевски во своето обраќање до јавноста, во коe накратко раскажа со какви предизвици се соочува и зошто мора викендов веќе да замине на лекување во Истанбул.

zoki-faci-vo-sabota-zaminuva-na-operacija-vo-turcija-posle-20-godini-kariera-sfativ-kolku-makedonija-me-saka-01.jpg

Новинарот Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци и јутјуберот Стефан Лазаров, синоќа преку видео на Инстаграм јавно се заблагодарија за хуманоста и масовниот одзив на јавноста на нивниот апел за собирање донации за лекувањето на Зоки.

Зоки деновиве мора да замине на лекување во Турција, каде што ќе му биде отстранет туморот со големина од 25 cm.

Тој во видеото накратко раскажа со што сè се соочувал во изминатите години.

„Пред 3 години на ногата ми излезе топче, па излезе дека е сарком, кој го извадија во Државна болница. После една година ми се појави пак на истото место.

Хемотерапијата ја примив исто во Државна болница и за кратко време ми се појавува и туморот на стомак.

Хемотерапиите мислам дека ми го уништија животот. Во Државна болница ми рекоа дека треба да чекам до крај на септември“ – рече Зоки во своето појаснување.

zoki-faci-vo-sabota-zaminuva-na-operacija-vo-turcija-posle-20-godini-kariera-sfativ-kolku-makedonija-me-saka-02.jpg

Како што појаснија, доколку сега не се направи операцијата, на Зоки му остануваат уште неколку месеци живот.

„Јас сакам да се заблагодарам јавно на цела Македонија, не очекував дека после 20 години кариера конечно ќе сфатам дека Македонија ме сака“ – рече нашиот познат таблоиден новинар.

zoki-faci-vo-sabota-zaminuva-na-operacija-vo-turcija-posle-20-godini-kariera-sfativ-kolku-makedonija-me-saka-03.jpg

Зоки во сабота тргнува за Истанбул, а во понеделник ќе му бидат направени првите испитувања.

„Здравје Боже, четврток, петок најверојатно ќе ме оперираат. Не знам дали ќе биде ласерски или ќе биде со сечење, тоа не е важно“ - информира тој.

Зоки даде јавно ветување дека откако ќе се врати, по операцијата, многу повеќе ќе се вклучи во хуманитарни акции со цел да возврати за хуманоста на граѓаните кои за неколку дена се активираа и ги собраа неопходните средства за тој да може да се лекува.

zoki-faci-vo-sabota-zaminuva-na-operacija-vo-turcija-posle-20-godini-kariera-sfativ-kolku-makedonija-me-saka-04.jpg

За потсетување, Зоки неодамна на Инстаграм објави неколку видеа каде што рече дека се чувствува исплашено, затоа што ова му е трета операција, но се обидува со позитивна мисла да го победи ракот.

Сите оние што сакаат да донираат средства за операцијата на Зоки, тоа може да го направат преку платформата eCrowd, на следниот ЛИНК.

Погледнете го видеото од обраќањето на Зоки во продолжение:

Прочитајте и Зоки Фаци ќе оди на операција во Истанбул: „Исплашен сум, ова ми е трета операција – но се обидувам со добра мисла да победам“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Зоки Фаци ќе оди на операција во Истанбул: „Исплашен сум, ова ми е трета операција – но се обидувам ... „Веќе нема да се чека, Зоки Фаци ќе оди на лекување во Истанбул“ – ова го соопшт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg