Жарко Димоски со сопругата и синот ужива во Дубаи, во хотел со кралски третман и со личен батлер (фото)
- Детали
- среда, 05 март 2025
Од раскошен ентериер со златни детали до неверојатен поглед од терасата во хотелот, Жарко со саканата Андреа и синот Вито (1) ужива во престојот во Дубаи.
Актерот Жарко Димоски, кој живее и работи во Белград, е на патување во Дубаи со сопругата Андреа и нивниот син Вито (1).
Парот на Инстаграм сподели дека уживаат во хотел со кралски третман, каде имаат и личен батлер.
Со златни детали, прекрасен поглед и раскошен ентериер, хотелот каде престојуваат дефинитивно ги задоволува сите критериуми за одмор и релаксација.
Инаку, Жарко е дел од мултимедијалниот театар „Одеон“ на српскиот медиумски могул Жељко Митровиќ, каде има низа главни улоги. Тој постојано гостува во разни емисии на српските телевизии.
Кликнете на видеото за да погледнете најава за едно од гостувањата:
Повеќе фотографии од Жарко и семејството во Дубаи:
Прочитајте и Жарко Димоски со сопругата и синот ужива на Малдиви - актерот е пофит од кога било (фото)
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





