Мадагаскар, Непал: Весна (60) од Куманово секој роденден го прославува на егзотична дестинација
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, 57-миот роденден го прослави во Колумбија, а 59-тиот роденден го прослави во Маурициус. „За 60-тиот, пак, симболично ја посетив 60-тата држава во животот“, вели за CRNOBELO.com.
Весна Бруно (60) е стоматолог од Куманово, но и дама со навистина впечатлив моден стил. Таа постојано е дел од разни настани и случување во нашата држава и секојпат остава силен впечаток со модниот стил.
Но, таа е инспиративна и по нејзината страст за патувања.
Секоја година за својот роденден (14.09.) оди на егзотично патување.
Па, така во 2024-та година 60-тиот роденден го прослави во прекрасниот Мадагаскар.
За CRNOBELO.com Весна вели дека Мадагаскар всушност и била 60-тата земја која ја има посетено во животот.
За 57-иот била во Колумбија, па Непал, Маурициус итн.
Фотографии од роденденските патувања на Весна:
Во 2021-ва, 57-миот роденден го прослави во Колумбија.
В0 2022-ра, 58-иот роденден го прослави во Непал.
Во 2023-та, 59-тиот роденден го прослави во Маурициус.
Во 2024-та, 60-тиот роденден го прослави во Мадагаскар.
С. С. | Црнобело