Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Весна Петрушевска, по двете операции поради рак на дојка, имаше реконструктивна операција: „Ме оперираше врвна докторка“

„Констатиран рак на десна дојка. Една операција. После 22 дена втора операција со мастектомија“, откри лани Весна Петрушевска, која викендов направи операција на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Таа се огласи оттаму и сподели: „Пациентите од Кочани ги држат како капка на дланка“.

vesna-petrushevska-po-dvete-operacii-poradi-rak-na-dojka-imashe-rekonstruktivna-operacija-me-operirashe-vrvna-doktorka-01.jpg

Весна Петрушевска е поим за силна жена, која животот го прифаќа со сите негови предизвици, храбро се бори, често и сама, и продолжува понатаму посилна.

Таа гостуваше во емисијата „Претрес“ на Кристијан Ландов, каде си ја соголе душата и зборуваше за сè – од долговите во банките поради здравствените трошоци за престојот во болница на ќерката Мина во Дубаи, па до нејзината дијагноза рак.

Тогаш Весна изјави: „На Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не...“

vesna-petrushevska-po-dvete-operacii-poradi-rak-na-dojka-imashe-rekonstruktivna-operacija-me-operirashe-vrvna-doktorka-06.jpgВо „Претрес“ кај Ландов

Прочитајте и Весна Петрушевска со трогателна исповед: „Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома или не“

vesna-petrushevska-po-dvete-operacii-poradi-rak-na-dojka-imashe-rekonstruktivna-operacija-me-operirashe-vrvna-doktorka-11.jpg

Викендов, Весна сама во свој стил, со автомобилот се одвезе до Државната болница, сними видео на Инстаграм Стори како бара паркинг и сподели дека оди на уште една операција – овој пат реконструктивна операција на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, по мастектомијата поради рак на градата.

vesna-petrushevska-po-dvete-operacii-poradi-rak-na-dojka-imashe-rekonstruktivna-operacija-me-operirashe-vrvna-doktorka-12_copy.jpg

По операцијата Весна, задоволна од третманот таму, се огласи на Инстаграм:

„Денес оваа врвна докторка (д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска) ме оперираше... Вие немате поим каков е овој оддел за пластична реконструктивна хирургија – фантастични!

А, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, која воедно е и директорка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е жена ‘змај’. Длабок поклон.

Пациентите од Кочани ги држат како капка на дланка“.

vesna-petrushevska-po-dvete-operacii-poradi-rak-na-dojka-imashe-rekonstruktivna-operacija-me-operirashe-vrvna-doktorka-02.jpg

Инаку минатата година Весна јавно ја покажа лузната по мастектомијата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Петрушевска со емотивна објава: „Ракот е патување на кое патуваш сам“ Весна Петрушевска ги збуни своите следбеници со емотивна објава на својот Инстаг...
Весна Петрушевска со трогателна исповед: „Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома или не“ „На мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посак...
Весна Петрушевска ја покажа лузната по мастектомијата: „Со ракот секоја битка е добиена војна“ Весна Петрушевска е една и единствена во секој поглед, а и таква е во борбата со...
Весна Петрушевска на одмор со ќерката и кученцето, кое ѝ дошло во најтешкиот период од животот „Минки дојде во можеби најтешкиот период во мојот живот. Дојде како знак, како с...
Весна Петрушевска за роденденот на ќерката Мина, која живее во Дубаи: „Да те немаше, пак ќе те прона... „Ова е првиот роденден каде не сме заедно. Ние родителите треба да сме лакот, а ...
Весна Петрушевска откри зошто одлучила да ја објави лузната по масектомијата „Во овој месец на рак на дојка јас не можев повеќе да одговарам на прашања, осве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg