Весна Петрушевска со трогателна исповед: „Не знаев дали Мина ќе се разбуди од кома или не“
- Детали
- вторник, 10 декември 2024
„На мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не...“, гласи дел од емотивната исповед на Весна Петрушевска, која откри дека ја има најтешката година зад себе.
Весна Петрушевска во емотивна исповед на Инстаграм откри каква тешка година имала.
Таа откри дека се соочила буквално со пекол кога не знаела дали нејзината ќерка Мина ќе се разбуди од кома или не.
Инаку, Мина (20) годинава замина да живее во Дубаи, во друштво на Моника Милков, третото дете на Весна.
Весна Петрушевска во 2015 година го прошири семејството за уште еден член, односно го згрижи третото дете Моника Милков, покрај Кирил и Мина, а сега токму Моника била спасот за Мина, вели Весна.
Нејзината исповед гласи:
„Оваа 2024 беше најтешка од најтешките и најкреативна од најкреативните.
Мојата премиера на 'Богот на колежот' на 24 декември во Македoнски Народен Театар доаѓа како одговор на сите насилства кои ги преживеав, на сите одлични одлуки кои ги донесов за да прекинам со лоши и токсични луѓе, за мојата борба со ракот и сега кога врват пробите никој не забележа, затоа што театарот е сурова и прекрасна уметност, на мојата најголема љубов Мина ѝ се случи она што на ниту еден родител не посакувам, а тоа е да не знаете дали ќе се разбуди од кома или не.
Моника Милков е повеќе од моја ќерка и сестра на Мина и ја спаси.
Снимав спот за претставата со Игор Џамбазов во моменти во кои не можев да стојам на нозе, а истерав до крај.
Имам огромна поддршка од мојата екипа и ќе кажам - тоа е мојот МНТ.
Без оваа претстава немаше да преживеам сигурно.
Едвај чекам да дојде Мина и ќе биде со големи букви посветена оваа претстава на мојата хероина.
Со татко ми велевме дека ако немаш судбина, немаш живот. Денес се три години како го нема, тато мислам дека нè чуваш од горе и ми викаш „Веки да ти e*ам судбината!“ и да тато, за сите полусветови имаше право“.
С. С. | Црнобело