„Љуби га мајка“ – Весна Петрушевска сподели фотографии од матурската на синот кој живее во САД
- Детали
- недела, 01 мај 2022
Весна Петрушевска горда на синот матурант, сподели неколку фотки од неговата матурска. „Отишол на матура и уредно се вратил дома“ - стои во објавата.
Синот на Весна Петрушевска, Кирил, живее во САД со неговиот татко, а годинава е матурант. Сега гордата актерка сподели и фотки од неговата матурска вечер.
На фотографиите младиот Кирил позира во син костум и вратоврска.
„Лејдис енд џентлмен Кики отишол на матура и уредно се вратил дома. Од вестите во светот. Нејви блу љуби га мајка. Тенкју Тренкоски фемили“, стои во описот на објавата.
Кирил се пресели во САД кај татко му пред неколку години, а минатото лето ја посети мајка си во Македонија.
Актерката, пак, живее со нејзината ќерка Мина.
Спирова С. | Црнобело