Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама на Дубаи?
-->
Освен што ги одгледала 12-те деца што сама ги родила, првата дама на Дубаи се грижела и за децата на сопругот од другите бракови. Така, штом Мохамед ќе се разведел од сопругите, ги задржувал децата кај себе и ги предавал во грижа на првата сопруга.
Освен што се грижела за децата на Мохамед, шеика Хинд исто така посвоила голем број деца од сиропатилиште и им посветила љубов и внимание. Според пишувањата, таа премногу сакала деца и целиот живот им го посветила ним.
Првата дама на Дубаи единствено не се грижела за децата на Мохамед од неговиот брак со јорданската принцеза Хаја ал-Хусеин, која во 2019-та година побегна со нив во Лондон, а потоа по разводот на шеикот му беше наредено да ѝ исплати 728 милиони долари.
-->
Според гласините, шеика Хинд била таа што направила сè за сопругот да се разведе од принцезата, затоа што била љубоморна на младата ривалка, која ѝ го одзела престижното место во палатата и кралскиот живот.
За разлика од другите жени на шеикот, шеика Хинд никогаш не се истакнувала јавно, иако под нејзино покровителство се одржале голем број хуманитарни настани.
Интересно е што нејзината фотографија никогаш не била објавена јавно, а кога излегува во јавност таа секогаш носи традиционален метален превез кој е познат како „батула“ или „голфска бурка“.
Овој превез традиоционално го носеле сите жени во земјите од Персискиот Залив што се омажени.
-->
-->
Шеика Хинд е во брак со Мохамед веќе 45 години, а сигурно, иако живее во огромен луксуз и богатство животот воопшто не ѝ бил лесен. Според некои пишувања, познато е дека нејзиниот сопруг бил голем женкар, кој истовремено имал по 4 други жени во харемот – некои познати, а некои непознати.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител
„Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис
Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
-->