Популарност стекна во 40-тите, за улоги го совлада албанскиот јазик – факти за српскиот заводник Милош Тимотијевиќ
Низ своите улоги одлично го совладал албанскиот јазик
Без разлика на големината на улогата, Тимотијевиќ отсекогаш покажувал значителна посветеност. Целата негова улога во филмот „Стршљен“ била на албански јазик, кој тој претходно не го зборувал.
За улогата на бодибилдерот Тадија во филмот „Седам и по“ решил да вежба интензивно, речиси секој ден до снимањето.
Неговото исклучително, „полиглотско“ созревање го гледаме во грандиозната серија „Беса“, во улогата на Петрит Коци.
13 години е во среќен брак со сопругата Дуња, но приватниот живот вешто го крие од очите на јавноста
Неговата сопруга Дуња Галиќ се занимава со графички дизајн.
„Мојата кариера почна да се движи во нагорна линија, откако ја запознав. Таа е мојата најголема поддршка и инспирација. Имаш четири очи, две срца, два мозоци, две глави кои размислуваат. Пораснав покрај жени, така што ги почитувам на посебен начин!“
Се смета за строг критичар кон себеси и своите дела
Тимотијевиќ вели дека кога станува збор за работата, се троши безрезервно.
„Кога ќе ја завршам работата, тогаш се опуштам и ги акумулирам своите емоции. Се трудам да задржам и да балансирам, но и да стекнам што повеќе искуство во емотивна, професионална и животна смисла, за по потреба да можам да го потрошам, а како уметник да ја дадам својата потполност“.
Милош Тимотијевиќ е еден од најистакнатите српски актери во последната деценија
Милош Тимотијевиќ непрекинато го негува својот ангажман во филмската уметност. Неговата кариера претставува асоцијација за виното – колку позрела, толку подлабока и квалитетна.
Имено, својата особена популарност тој ја стекна во четириесеттите години и денес претставува еден од најистакнатите српски актери, чии успеси допрва претстојат.
Мила М. | Црнобело