Во само 40 дена се разведе и се прежени, а на 48 години првпат стана татко - Актерот Милош Тимотијевиќ од „Беса“ доби син

Српскиот актер Милош Тимотијевиќ за првпат стана татко на 48 години. Тој доби син од вториот брак со сопругата Тијана, која е 15 години помлада од него и со која се ожени по само 40 дена врска.

vo-40-dena-se-razvede-po-13-godini-brak-i-se-ozheni-pa-sega-dobi-sin-akterot-od-besa-stana-tatko-01.jpg

Српскиот актер Милош Тимотијевиќ на македонската публика ѝ е најпознат по улогите во сериите „Јужњи ветар“ и „Беса“, а минатата година за него се пишуваше откако се дозна дека одлучи да стави крај на 13-годишниот брак со првата сопруга и по само 40 дена врска се ожени за сопругата Тијана.

vo-40-dena-se-razvede-po-13-godini-brak-i-se-ozheni-pa-sega-dobi-sin-akterot-od-besa-stana-tatko-02.jpg

Сега, според информациите објавени во српските медиуми, Милош и Тијана го добиле своето прво дете, а актерот за првпат стана татко на возраст од 48 години.

Додека малку се знаеше за првата сопруга на Милош, Дијана Галиќ, која додека беше во брак со него се трудеше максимално да остане подалеку од очите на јавноста, за Тијана се знае дека е ќерка на српскиот фудбалер Саша Симиќ и дека пораснала во Португалија, каде работел нејзиниот татко.

vo-40-dena-se-razvede-po-13-godini-brak-i-se-ozheni-pa-sega-dobi-sin-akterot-od-besa-stana-tatko-04_copy.jpg

Тијана е 15 години помлада од Милош и во моментов има 33 години, а наводно тие двајца се запознале преку заедничка пријателка и брзо сфатиле дека се сродни души.

„Тијана го запознала Милош преку своја добра другарка од детството, а која подолго време го познава и актерот. Веднаш се поврзаа и тоа беше љубов на прв поглед.

Со оглед на тоа што Милош кратко пред тоа се рааведе, тие не сакаа да губат време и нешто повеќе по еден месец забавување одлучија да се венчаат во најтесниот круг на семејството и пријателите“ – пишуваат српските медиуми.

vo-40-dena-se-razvede-po-13-godini-brak-i-se-ozheni-pa-sega-dobi-sin-akterot-od-besa-stana-tatko-03.jpg

Слично како и за врската, Милош и Тијана не сакаа да откријат дека очекуваат дете, па вестите дека добиле син останале само меѓу најблиските, но српските медиуми повикувајќи се на извори блиски до парот денес ја пренесоа веста.

vo-40-dena-se-razvede-po-13-godini-brak-i-se-ozheni-pa-sega-dobi-sin-akterot-od-besa-stana-tatko-05.jpg

Прочитајте и Милан Мариќ за секс-сцените со Милош Тимотијевиќ: „Бевме нервозни, но тоа е дел од нашата работа“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg