Милан Мариќ за секс-сцените со Милош Тимотијевиќ: „Бевме нервозни, но тоа е дел од нашата работа“
- Детали
- четврток, 13 јануари 2022
„Интимните сцени за нас актерите не се табу“ – вели Милан Мариќ, кој пред жешките сцени со Милена Радуловиќ во филмот „Тома“, снимаше и секс-сцени со Милош Тимотијевиќ во филмот „Наредник“ каде и двајцата глумеа хомосексуалци, а сега сцените од овој филм повторно се популаризираа.
Милан Мариќ (31) во моментов важи за еден од најголемите заводници кој со улогата на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“, но и со улогата на Лука во „Беса“ и улогата на Лазар во „Државни службеник“ ја освои балканската публика.
Неодамна тој говореше за секс-сцените во неговите филмови, а со смел потег застана и во одбрана на својата колешка Милена Радуловиќ (26) која беше мета на погрдни коментари поради сцените во филмот „Тома“ каде таа ја игра третата сопруга на Тома Здравковиќ, Нада. Во филмот се среќаваме само со две сопруги на пејачот, а во реалноста тој четири пати бил во брак.
Но, ова не е првпат Милан Мариќ да биде на удар заради секс-сцените во неговите филмови.
Заедно со Милош Тимотијевиќ (46) во минатото играа хомосексуалци во филмот „Наредник“ од 2012-та година, а нивните секс-сцени во текот на минатата година завршија на веб страни за возрасни.
Милан неодамна отворено говореше за снимањето на секс-сцените во филмовите, па рече дека и во двата случаи не се чувствувал непријатно. Во првиот случај, за сцените со Тимотијевиќ, рече:
„Тоа беше чувствителна тема. Долго го познавам режисерот Никола Љуца и јасно ми беше што бараше од нас.
Тие интимни сцени меѓу мене и Милош беа во контекст на дејствието. Ми беше во ред да легнеме заедно во кревет затоа што не беше бесмислено, имаше поента“ – појаснува тој.
На прашањето како се чувствувал додека ги снимал интимните сцени во филмот „Тома“ со Милена Радуловиќ, тој рече:
„Можеби луѓето ги интригира кога го гледаат тоа и се прашуваат како тоа изгледа на снимањето. За филмската екипа тоа изгледа како танчарска кореографија.
Прво усмено се договараме како сето тоа би требало да изгледа, а потоа така и одигруваме. На академијата посебно го изучуваме тој дел од глумата и своето тело го доживуваме како инструмент за работа. Интимните сцени за нас не се табу“ – појасни Мариќ, a пренесува Информер.
За Милош Тимотијевиќ ова беше прва улога во која глумеше хомосексуалец, но и за Мариќ. Во минатото Мариќ исто така говореше за табу-сцените од филмот „Наредник“, па рече:
„Немаше преголема возбуда, и за мене и за Милош беше предизвик да ги разбереме овие луѓе. На крајот на краиштата, тоа е само една сцена од филмот по која почнува трагичната приказна.
Јас и Милош тогаш се запознавме и тоа ни беше првата соработка. Бевме малку нервозни, но сè беше во ред. Тие сцени се доста специфични, но тоа е дел од нашата работа и сработивме сѐ како професионалци“ – рече Милан, а пренесува telegraf.rs.
Инаку, филмот „Наредник“ ја следи приказната на двајца хомосексуалци од Србија кои случајно се сретнуваат една вечер.
Едниот (Милан Мариќ) е студент, а другиот (Милош Тимотијевиќ) е поранешен војник. Сепак, по возбудливата вечер, следното утро приказната се менува и филмот има трагичен крај, каде еден од ликовите посегнува по сопствениот живот заради невозвратената љубов.
Прочитајте и Популарност стекна во 40-тите, за улоги го совлада албанскиот јазик – факти за српскиот заводник Милош Тимотијевиќ
Б. С. Б. | Црнобело