Како Милан Мариќ ја одбрани колешката Милена Радуловиќ по погрдните коментари за секс сцените во „Тома“?
- Детали
- вторник, 11 јануари 2022
Погрдни коментари осамнаа на социјалните мрежи за жешките сцени во „Тома“ во кои игра Милена Радуловиќ, а која минатата година го обвини својот професор по глума за силување. Милан Мариќ, застана во одбрана на својата колешка.
Филмот „Тома“ предизвика лавина реакции на Балканот. Некои се воодушевени, некои пак имаат негативни коментари, а последна на удар се најде актерката Милена Радуловиќ заради жешките сцени во филмот.
Минатата недела Милан Мариќ (31), кој го толкува Тома Здравковиќ, гостуваше во емисија на телевизијата К1, каде ги прокоментира и жешките сцени во филмот кои ги игра заедно со Милена Радуловиќ (26), па рече:
„Сите се водевме од емоцијата и интуицијата. Бјела ни дозволуваше во сцените да нè водат емоциите.
Моја должност беше како повозрасен колега во сцените со Милена Радуловиќ да бидам внимателен и грижлив“.
Сепак, оваа изјава на Мариќ беше извртена од страна на tвитерџиите и беа упатени навредливи и погрдни коментари, на кои Мариќ исто така се чувствуваше должен да одговори.
„Сега, апропо филмот ’Тома‘ на малите екрани, Мариќ вели дека во секс сцените морал да биде мошне нежен заради траумите на Милена.
Момчето има напраавено превид дека филмот е снимен во летото 2020-та година, а таа својата траума ја објави во јануари 2021-ва година. И кого бе вие го зае**вате?“ – стои во коментарот.
Имено, овој твитерџија во својот погрден коментар алудира на скандалот кога во текот на изминатата Милена Радуловиќ го пријави професорот Мирослав Мика Алексиќ за силување.
Таа рече дека професорот ја силувал додека имала само 17 години, а потенцира дека тоа се случило повеќепати.
Од друга страна пак, Милан Мариќ застана во одбрана на својата млада колешка, па даде свој коментар на Твитер:
1. Момчето тоа не го изговори.
2. Момчето рече дека како повозрасен колега и маж се чувствува одговорен за своите колешки на сетот, па и за Милена.
3. Момчето предвиде колку злобни луѓе има.
4. Момчето ви посакува сè најдобро.
Б. С. Б. | Црнобело