„Запознав психопати кои пробаа да ме скршат“ - Нина Бадриќ искрена, откако маж ја демнеше 2 години

„Ме уценувале, сум доживувала неправди и обиди за застрашување од моќни мажи. Сум запознала и психопати, во вистинска смисла на зборот, кои пробале да ме злоставуваат психички. Сите тие пробувале да ја покажат својата сила над мене. Не сакам многу да се сеќавам на тие тешки ситуации“, вели хрватската пејачка.

nina-badrikj-gi-poddrzha-zhrtvite-na-nasilstvo-otkako-mazh-ja-demneshe-2-godini-zapoznav-psihopati-koi-probaa-da-me-skrshat-01.jpg

Хрватската ѕвезда Нина Бадриќ (51) се приклучи на кампањата на здружението Женска соба, чија цел е да им се даде поддршка на жените кои биле жртви на сексуално вознемирување и насилство.

Во интервју за магазинот Story.hr, таа искрено зборува за многу предизвици со кои се соочила низ годините, но и за мажите кои ги запознала, а за коишто вели дека пробале да ја скршат.

nina-badrikj-gi-poddrzha-zhrtvite-na-nasilstvo-otkako-mazh-ja-demneshe-2-godini-zapoznav-psihopati-koi-probaa-da-me-skrshat-05.jpg

Сето ова доаѓа неколку години откако Бадриќ се соочи со демнач, маж кој ја следел насекаде, па дури и поставил и уред за следење на автомобилот, а одел и на летување каде што одела таа.

Поради сето ова, пејачката долго живеела во страв.

„Ќе кажам дека Бог ме чува сите овие години, а некои многу опасни ситуации во кои сум се нашла, сепак завршиле добро.

Многупати ме уценувале, сум доживувала неправди и обиди за застрашување од моќни мажи.

nina-badrikj-gi-poddrzha-zhrtvite-na-nasilstvo-otkako-mazh-ja-demneshe-2-godini-zapoznav-psihopati-koi-probaa-da-me-skrshat-03.jpg

Во животот, за жал, сум запознала и психопати, во вистинска смисла на зборот, кои пробале да ме злоставуваат психички или емоционално.

Всушност, поточно е да кажам дека пробувале да ме скршат. Сите тие биле мажи кои пробувале да ја покажат својата сила над мене во одреден момент. Не сакам многу да се сеќавам на тие тешки ситуации.

И се чудам на својата храброст и пркос, зашто сега не знам дали би имала храброст да реагирам како во минатото“, вели Бадриќ во интервјуто.

nina-badrikj-gi-poddrzha-zhrtvite-na-nasilstvo-otkako-mazh-ja-demneshe-2-godini-zapoznav-psihopati-koi-probaa-da-me-skrshat-04.jpg

Пејачката својата поддршка за жените кои минале низ голгота ја даде и преку својот Инстаграм профил.

„Денес е Меѓународен ден за борба против обвинувањата на жртвите на сексуално насилство, чија цел е да ги охрабри да му кажат ‘не’ на насилството.

Важно е општеството да има нулта толеранција кон сексуалното злоставување и сите форми на сексуално вознемирување“, напиша таа.

Прочитајте и Нина Бадриќ за човекот кој ја демнел 2 години – „Летуваше каде што јас бев на одмор, ми постави уред за следење на автомобилот“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg