Нина Бадриќ за човекот кој ја демнел 2 години – „Летуваше каде што јас бев на одмор, ми постави уред за следење на автомобилот“
- Детали
- среда, 09 јуни 2021
Хрватската пејачка Нина Бадриќ (48) направи големи животни промени за време на пандемијата. Таа целосно го смени начинот на исхрана, стана вегетаријанка и ја преполови својата тежина.
Во април годинава се соочи на суд со пензионерот Илија М, кој две години ја демнел од Загреб до Хвар и ѝ испраќал писма и песни.
Сега, за првпат, убавата и талентирана пејачка открива колку долго живеела во страв и што ја решило да одлучи и да се обрати до полицијата.
„Замислете како е да се живее со чувството дека некој постојано ве следи и ве набљудува? Да ја знае вашата домашна адреса и да дојде пред прагот, да ви ѕвони на ѕвончето, да го помине летото каде што летувате вие и да спие во хотелите каде што настапувате. Да знае во секој момент каде сте, па дури да пронајдете и уред за следење на вашиот автомобил.
Јас сум ѝ најмногу благодарна на полицијата со којашто контактирам, бидејќи овие работи воопшто не се безопасни. За жал, поминав низ такви ситуации многупати во мојот живот и се надевам дека никогаш нема да морам да се занимавам со такви луѓе, бидејќи не би му го посакала ова на никого“, изјавила Нина за хрватскиот весник „Јутарњи“ и објаснила дека откако нашла уред за следење на автомобилот, таа веднаш повикала полиција и очигледно тоа ја прелило чашата.
Пензионерот Илија М. честопати доаѓал на адресата на пејачката, ѝ праќал писма и песни, се појавувал под прозорците на становите и хотелите, од Загреб до Хвар.
Ја следел и низ продавниците, и молчејќи само ја набљудувал. Иако Бадриќ во неколку наврати му одговорила дека не сака никаков контакт со него, тој не сакал или не можел да ја разбере.
„Откако постојано се обидував, молејќи го да ме остави на мир и да престане да ме демне, преку тивок разговор, бев принудена да побарам помош од полицијата. И тоа е најдоброто што можев да го сторам.
Нема да чекам ниту еден ден во иднина. Ваквите личности секогаш им се прилепуваат на незаштитени жени и во вакви ситуации, жал ми е што немам еден Супермен до мене, што ќе им одржи една добра лекција на ваквите луѓе“.
Погледнете како изгледа пејачката во петтата деценија од животот:
(О)Милена | Црнобело