Едина Муса за CRNOBELO: „Александар беше повозбуден што носам син, качив 13kg во бременоста“

„Викаат, кога ќе се влезе во 9-тиот месец, бебето може да се роди во секое време, па со сопругот сме веќе спремни. Крајниот датум е 17-ти февруари, исто како Мајкл Џордан, ха, ха“, вели за CRNOBELO.com Едина Муса, која со сопругот Александар го чека своето прво дете.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-01.jpg

Едина Муса Димитровски (33) наскоро ќе стане мајка. Некогашната кошаркарка и фитнес инструктор веќе е во 9-тиот месец од бременоста и ги брои деновите до породувањето.

Сосема ненаметливо, Едина уште пред неколку месеци откри дека носи момче, и дека со сопругот Александар Димитровски Мачка, со кого се омажи во ноември 2024, решиле да му го дадат името Максим.

Иако е пред породување, Едина и понатаму активно тренира, вежба со тежини (но многу помали од вообичаено).

Таа во разговор за CRNOBELO.com вели дека скоро и да не почувствувала дека носи бебе, бидејќи скоро ништо не се сменило во нејзиниот животот.

Немала ни некаква непријатност и мачнина во овие 9 месеци, освен што во еден период премногу ѝ се спиело, па во тој период се чувствувала „бескорисна“.

Но, работите сега се поинакви - Едина оди на часови за трудници, чита книги за родителство, ја подготви собата и за бебето и малку облека за него, па со сопругот со нетрпение го чекаат денот кога таа ќе го донесе синчето на овој свет.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-04_copy.jpg

За бременоста и возбудата што ќе стане мајка, прочитајте го интервјуто:

Веќе си во последното тримесечје од бременоста. Како се чувствуваш?

Неодамна влегов во 9-тиот месец и не можам да се пожалам дека имам некои потешкотии.

Искрено, се чувствувам одлично и премногу сум возбудена што се ближи денот кога ќе го запознам своето мало човече.

Како ти поминуваа првите месеци од бременоста? Имаше ли мачнини?

Ако треба да издвојам период кој ми бил најтежок во текот на целата бременост (а имам многу лесна и здрава бременост) тогаш тоа би било во вториот и третиот месец.

Немав некои мачнини, ниту потешкотии, единствено ми беше тешко што немав баш енергија и ми се спиеше постојано.

Јас по природа сум многу енергична личност, и кога дојде моментот да сакам да спијам по цели денови, се почувствував доста мрзеливо и бескорисно.

Бидејќи немав воопшто енергија, немав ни желба за каква било активност, патување или, пак, за работа.

Се борев со сите сили да останам дисциплинирана во сите мои обврски, но тоа не секогаш ме исполнуваше.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-06.jpg

Колку килограми качи досега? Внимаваш на исхраната или постои некоја храна што сега многу сакаш да ја јадеш, а не ти била омилена?

До сега имам качено 13 килограми, но не се преоптеретувам многу со таа цифра.

Не следам некој посебен режим и не правам некои посебни рестрикции во исхраната.

Се хранам нормално како и до сега, никако не се оставам себеси да гладувам, ниту пак, да се прејадувам.

Избегнувам брза храна, а моментално вегетаријанската кујна ми е омилена.

Некако рибата и месото во текот на бременоста и не ми се баш омилени, па затоа и не ги консумирам често, скоро воопшто.

Кога треба да се роди синот Максим?

Викаат, кога ќе се влезе во 9-тиот месец, бебето може да се роди во секое време, па затоа сме веќе спремни.

Но, крајниот датум по кој се водиме е 17-ти февруари, исто како Мајкл Џордан, ха, ха.

edina-musa-za-crnobelo-aleksandar-beshe-povozbuden-shto-nosam-sin-kachiv-13kg-vo-bremenosta-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург: „Најчести повреди се скршеници на колк, рачен зглоб, бут... „Ликот на пациент кој не верувал дека ќе застане без болка, на млад човек кој ми...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg