„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“
„Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму. И прво што посетивме е Сараево и нормално неговото срце – старата сараевска чаршија Башчаршија. Но, градот кој ме освои на прв поглед е Мостар. Патување со мирис на босанско кафе, вкус на ќебапи со кајмак, баклава и ритамот на „Бацила је све низ ријеку“ од Индекси...“
Босна и Херцеговина како викенд дестинација ми се сврте во глава од минатата година, но добив совет од пријателка да чекам да раззелени затоа што природата ѝ е најсилен адут.
Но, не дочекав и ја избрав како дестинација за продолжен викенд во март.
И вистина природата и е спектакуларна – реките се смарагдни, поради присуството на одреден минерал кој ја дава оваа боја, кањоните се живописни и е навистина планинска земја низ која ќе патувате преку многу тунели.
Но, мора да признаам дека сепак природата не беше во полн ек, а вам топло ви препорачувам да ја посетите во некој за вас совршен мај или јуни, кога има од зеленило да си ги наполните и очите и душата.
Во Сараево ќе плаќате во конвертибилни марки, цените се малку повисоки од скопските, а една марка е околу 31 денар.
Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму. За „патувачите со автобус“ ова е лесен залак, за другите, кои око не можат да склопат во автобус – може да биде проблем.
И прво што посетивме е Сараево и, нормално, неговото срце – старата сараевска чаршија Башчаршија.
Ова е историски и културен центар на градот, од 15-иот век, и место каде ќе видите како со само една линија чаршијата е поделена на турски дел и дел со австроунгарско влијание.
И ме воодушеви турскиот дел, иако толку сличен на старата скопска чаршија во Скопје, сепак ми беше мевлем за душа да си испијам босанско кафе, традиционално послужено, да јадам од нивната баклава и задолжително, нели, ќебапи со кајмак.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





