„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“
Со мерак со слушав водичот од Босна како гордо ми говореше за нивната историја, за болката на војната, од која извлекле барем грам добро и денес ја претвориле во приказни за туристи кои ви ги држат и очите и ушите ширум отворени.
Ни раскажа и за Гаврило Принцип и за сè останато, но јас Сараево најсилно го доживеав кога видов како пензионери си играат шах среде парк со џиновски фигури, а десетици други навиваат – си реков ова е суштината, вака се живее, да уживаш во малите работи.
Го доживеав и кога со другарка ми се одвоивме од групата, па сами со јавен превоз (тролејбус) стигнавме до еден „скриен“ паб со совршено босанско пиво и локалци во комбинација со по некој турист.
Локалците се прељубезни и секој со задоволство ви помага, а најспектакуларен поглед на градот видовме од облакодерот „Avaz Ski Tower“, каде има опсерваторија на 36-иот кат, а кафуле на 35-тиот.
Видовме и на кое место во градот била донесена одлука за формирање на легендарниот бенд „Индекси“, од кои верувам дека знаете најмалку една песна.
Потоа, го посетивме Мостар и за стариот дел на овој град само ќе кажам – ми ја освои душата на прва.
Така совршен, со магија како Котор во Црна Гора, со калдрма од најсјаен, па и малку лизгав, босански камен... Со реката Неретва и стариот мост надвиснат над неа на 20 метри, од каде мостарците имаат традиција да скокаат и каде се одржуваат дури и светски натпревари во скокови од овој тип.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





