-->
Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе направи да не се чувствувате како во класично грчко гратче, го нарекуваат смарагден остров и има голем број прекрасни плажи - колку причини ви се потребни за да го посетите грчкиот остров Крф?
Доколку уште не сте го посетиле грчкиот остров Крф, време е да размислите за оваа прекрасна дестинација, која сега стана уште полесно достапна заради директниот лет од Скопје кој ќе биде пуштен од ова лето 2024.
-->
Крф е прекрасен остров, со многу богата историја, места вредни за посета кои ќе ви го сменат класичниот одмор од апартман до плажа, и ќе ве натера да шетате и да уживате во неверојатни глетки.
Ако се двоумите, во продолжение неколку причини зошто да го посетите независно дали е во пролетен период или за летен одмор:
Стариот Град нуди неверојатна прошетка низ богатата историја која датира од 12-ти век, има голем број историски знаменитости, шармантни улички и е под заштита на УНЕСКО
Архитектурата на Крф е воодушевувачка и го отсликува венецијанското минато, па нема да се чувствувате како на класична грчка дестинација
Островот нуди голем број плажи со кристално чиста, тиркизна вода, а секоја од нив е различна и посебна на свој начин - за сечиј вкус
-->
-->
Canal d'Amour е плажа која со години се наоѓа на листите на најубави европски плажи и е идеална за вљубени парови
-->
Традиционалните таверни нудат превкусна храна, специјалитет на островот е pastitsada, а кујната е богата и со француски, венецијански и британски јадења заради нивното владеење во минатото
Уште 5 причини на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира: