Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на Халкидики?

Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и пијалаци не смеат да се носат однадвор. Како се движат цените на популарната Tigania?

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-01.jpg

Ако летувате на Ситонија, вториот крак на Халкидики, една од плажите која сигурно ќе сакате да ги посетите е Tigania. Оваа плажа со палмини чадори, ситен златен песок и тиркизно сина боја на морето, го носи епитетот „грчки Кариби“.

Поделена е на 3 дела со карпи и нема премногу простор за гостите, а и пристапот до неа не е лесен, но сепак е меѓу омилените во овој дел од полуостровот.

Па, ако патот оваа година ве носи натаму, имајте предвид дека на плажата е забрането да си носите јадење и пијалаци „од дома“.

Лежалките се бесплатни, но треба да порачате нешто од барот за да можете да ги користите.

Затоа, погледнете колкави се цените во еден од бич-баровите (а се малку повисоки отколку на другите места на вториот крак).

Ако сакате да порачате кафе, тоа ќе ве чини 5 евра, без разлика дали е еспресо, нескафе, турско кафе или капучино (и дали сакате нормална големина на кафето или дупла доза).

Сите газирани сокови се 5 евра, а толку се и негазираните. Но, за разлика од нив, свежо цеден сок од портокал е 7 евра.

Пивото е 7 евра, а виното е 5 или 10 евра, зависно од порачаната количина. Коктелите се по 15 евра, а гранита се продава за 7 евра.

Што се однесува до храната, повеќето оброци се по 15 евра: хамбургер, традиционални колбаси, сувлаки (пилешко и свинско), ќофтиња.

Цената на салатите варира, а најскапа е грчката салата која чини 10 евра. За разлика од неа, салатата од домати и краставици е 8 евра, а по 5 евра се салатата од модар домат и цацики.

Погледнете го менито со цени од еден од бич-баровите на плажата:

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-02_copy.jpg

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-07.jpg

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-06.jpg

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-05.jpg

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-04.jpg

koktel-15-evra-grchka-salata-10-evra-kako-se-dvizhat-cenite-na-tigania-edna-od-najubavite-plazhi-na-halkidiki-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg