„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блогерка

„За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели српската инфлуенсерка Јована Квржиќ за плажата Капуташ, која се смета за една од најубавите во Анталија. Како изгледа овој мал рај во Турција?

pesok-mek-kako-pamuk-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-01.jpg

Анталија во Турција е популарно туристичко место и за нашите, но и за другите туристи од Балканот, а српската патувачка инфлеунсерка Јована Квржиќ, на својот Инстаграм профил сподели фотографии и видеа од најубавата плажа што се наоѓа таму.

Плажата Капуташ се наоѓа на 20km оддалеченост од Каш, а на само 7km од Калкан и за неа се вели дека е толку чиста што со голо око можете да го видите животинскиот свет во Медитеранското Море.

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-02.jpg

Јована Квржиќ во своите објави напоменува дека оваа плажа ја забележала уште во моментот кога патувала од аеродромот кон Каш и не може да каже дали е поубава одгоре или кога ќе се симнете до неа.

За да стигнете до оваа плажа потребно е да се симнете по 200 скалила, a таму има лежалки и чадори за изнајмување, но и ресторан и можете целиот ден да уживате.

„За оваа плажа скриена меѓу две капри која се наоѓа на патот од Даламан до Каш, многумина велат дека е најубава плажа во Турција.

За да стигнете до неа, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди.

Песокот е мек како брашно, а водата е со нереално тиркизна боја, толку е чиста што ви се чини дека можете да ја пиете“ – пишува Јована Квржиќ.

Погледнете во продолжение повеќе фотографии од плажата Капуташ:

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-11.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-10.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-09.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-08.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-07.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-06.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-05.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-04.jpg

pesok-mek-kako-brashno-tirkizna-voda-najubavata-plazha-vo-antalija-spored-srpska-patuvachka-blogerka-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg