Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024?
По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе гужвата се расчистува таму. Погледнете како се движат цените и колку пари ќе ви бидат потребни за еден ден поминат на плажа таму.
Неи Пори во Грција важи за едно од поевтините места таму, омилено за семејствата со деца.
Огромната песочна плажа и плиткото море, но и пристапните цени се она што го прави ова место привлечно за туристите од целиот Балкан.
Според пишувањата на следбеници на Фејсбук страната Grčka Info кои во моментов се таму, за време на празникот Духовден ова одморалиште било преполно со туристи, но од денес веќе гужвата се расчистува.
Цените, пак, се горе-долу слични со минатогодишните и затоа Неи Пори сѐ уште се смета за едно од поевтините туристички места во Грција.
Според информациите до кои дојде CRNOBELO.com од наши соработници што изминатиот период беа таму - за кафе фрапе со лежалка се плаќа 4 евра, а пиво на плажа со лежалка чини 5 евра.
Гиро пита чини 4 евра, а со цацики сос 4.20 евра.
На социјалните мрежи, пак, се споделуваат и фотографии од менија и ценовници оттаму.
Според објавените ценовници од тамошните ресторани, може да се види дека пивата се продаваат по цена од 4 до 5 евра, газираните пијалаци се по цена од 2,50 евра, а сендвичите и салатите се движат од 4 евра па нагоре.
Готвените специјалитети, како мусака и полнети пиперки се служат по цена од 8 евра за порција па нагоре.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од ценовниците на некои од локалите во Неи Пори:
Б. С. Б. | Црнобело