Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото)
На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакуларен панорамски поглед на Алпите, ова селце е како сцена од бајките.
На надморска височина од 1.789 метри на Алпите се наоѓа прекрасното италијанско селце Монте Лусари, кое нуди неверојатен панорамски поглед.
Покраj неверојатниот поглед, ова место го одзема здивот затоа што имате чувство дека сте на врвот од Алпите и чувствувате испреплетени култури затоа што се наоѓа на граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија.
Идеално место е за дневен излет, но не е погодно за бебешки колички.
До врвот се стига со жичница со гондоли на која картата за возрасен е 18 евра, а за деца е бесплатно. Место на поаѓање е Кампоросо.
Најхрабрите надолу можат да се симнат и со скијање.
Можете да вкусите прекрасна храна и вина, а има и црквичка.
Српска инфлуенсерка воодушевена од местото, сподели видео на Инстаграм.
Кликнете на видеото:
Повеќе фотографии оттаму:
С. С. | Црнобело