Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе

Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вчера вие, на Св. Игнат?

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-01.jpg

Уште како дете од повозрасните слушав дека 2 јануари е „најважниот ден во годината“, зашто, тоа што ќе го правиш тој ден, ќе го правиш во текот на целата година.

Велат, на тој ден е важно да знаеш и кој прв влегол во домот, зашто од неговата среќа и енергија ќе зависи и радоста на целото семејство во текот на годината.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-09.jpg

Години наназад, без оглед дали сум на работа или не, на 2 јануари тргнувам на некакво патување.

Дури и да е тоа од Скопје до Тетово или Куманово, чисто за да излезам на автопат, да платам патарина и да се „рачуна“ дека сум патувала.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-02.jpg

Па ни годинава не беше различна, со тоа што, наместо да одиме некаде низ Македонија, со другарка решивме да отпатуваме до Солун и да имаме по еден печат плус во пасошот.

Ни маглата во Скопје не нè разубеди да останеме тука или да одиме некаде поблиску.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-04.jpg

Всушност, до после тунелот кај Демир Капија беше магла, а потоа одеднаш, како да влеговме во друга димензија - ни се насмевна сонцето, а денот од маглив и студен, стана преубав.

Прва станица после граница ни беше Лидл и нивната пекарница.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-05.jpg

Искрено, понекогаш се однесувам како да не сум видела крофни со шеќер, па ај што купувам за да изедам една веднаш, секогаш купувам по неколку и за дома, а и за да имам за по пат за на враќање.

Исто е и со кроасаните - солени, благи, не е важно, ако не се изедат денес, ќе се јадат утре, битно е да има.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-13.jpg

Во Грција 2 јануари е неработен, па освен Лидл, сувенирниците и аптеките, немаше можност за шопинг.

Но, затоа сите ресторани и кафулиња беа отворени, а по шеталиштето на пристаништето, ми се чини, никогаш не сум видела поголема гужва, дури и во среде сезона.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-15.jpg

Беа излезени и локалците што имаа слободен ден, а имаше многу туристи од Србија и по некој Македонец.

Во целата таа гужва, беше невозможно да се најде место за кафе покрај море, но, за среќа, знаеме едно кафуле на два ката, кое има тераса со поглед на море, па се сместивме таму и од повисоко гледавме како живее градот.

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-14.jpg

Кога стигна сметката, ја платив јас, па се смеевме дека годината ќе ми биде во знакот на патувања, печати во пасош, Лидл и честење кафиња.

Додуша другарката го плати гирото, па по некоја логика - и ќе честам и ќе ме честат цела година (а и таа исто).

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-27.jpg

Кога вечерта стигнавме во Скопје, изморени, другарката не направи пресметка за потрошениот бензин, паркинг и патарини - рече ќе го направи тоа денес...

Па додека чекам да ми каже, се запрашав - дали тоа значи дека годината ми почна (и ќе тера) со долг?

ako-godinata-se-poznava-po-sv-ignjat-mojata-kje-bide-za-patuvanja-lidl-i-chestenje-kafe-19_copy.jpg

Ќе знам на крајот на 2025-та, кога ќе сумирам и ќе го планирам следното патување за 2-ри јануари 2026-та.

Повеќе фотографии од патувањето на Св. Игнат на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg