Најмагичниот божиќен пазар се наоѓа во Романија - на 6 часа возење од Скопје (фото)

Ако сте љубител на зимски патувања со автомобил и новогодишна магија, тогаш ја имаме дестинацијата за вас.

najmagichniot-bozhikjen-pazar-se-naogja-vo-romanija-na-6-chasa-vozenje-od-skopje-foto-01.jpg

На околу 6 часа возење со автомобил од Скопје, ќе пристигнете во Романија, во градот кој мора да се најде на вашата листа за празнични патувања. 

Станува збор за Крајова, кој благодарение на искусни патувачи, го доби второто место на листата со најубави божиќни пазари за 2025, според European Best Destinations.

najmagichniot-bozhikjen-pazar-se-naogja-vo-romanija-na-6-chasa-vozenje-od-skopje-foto-05.jpgфото: Фејсбук

Ова е најголемиот божиќен пазар во Европа, кој се протега на 280.000 метри квадратни, а освен новогодишни декорации и огромни елки, има многу празнични активности и забавен парк,  летечка санка на Дедо Мраз, лизгалиште, панорамско тркало, бајковити куќички и уште многу други атракции украсени со илјадници светилки.  

najmagichniot-bozhikjen-pazar-se-naogja-vo-romanija-na-6-chasa-vozenje-od-skopje-foto-02.jpgфото: Фејсбук

Отворен е од 15-ти ноември 2024 до 5-ти јануари 2025, а со оглед на тоа што не ви се потребни авионски карти, имате уште време да се одлучите за ова патување кое ќе ви го подигне божиќниот дух на највисоко ниво.

najmagichniot-bozhikjen-pazar-se-naogja-vo-romanija-na-6-chasa-vozenje-od-skopje-foto-03.jpgфото: Фејсбук

Погледнете ја новогодишната магија во Крајова, низ објективот на инстаграмџиите:

M. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg