„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“

„Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажите се разновидни - планини на северот, неверојатни пространства во Тоскана, прекрасни градови, вулкани и преубави плажи - сè што може да посакате во една држава. А има и историја. Тука не може да ви е здодевно“, вели 23-годишен Германец кој ја пропатувал цела Европа.

gi-posetiv-site-drzhavi-vo-evropa-bugarija-me-razochara-crna-gora-mi-e-najpozitivno-iznenaduvanje-01.jpg

Германецот Јанис (23), кој на Инстаграм и Тик-Ток е познат под името jannistravels, ги посетил сите 44 држави во Европа, но и голем дел од земјите во светот.

Јанис го посетил и Охрид, а на фотката со поглед на Охридско Езеро, тој пишува дека одамна сакал да го посети најстарото езеро во Европа.

На своите социјални мрежи тој постојано споделува фотографии и видеа од своите патувања, но своите впечатоци за посетата на европските земји ги раскажа и за Daily Mail.

За познатиот магазин, Јанис вели дека од сите нив, Италија му е најомилена, а дека Црна Гора му била вистинско позитивно изненадување.

Тој откри кои, според него, се најдобрите, а кои се најлошите земји за посета, но и каде се чувствувал најнебезбеден во текот на патувањата.

На прашањето зошто смета дека Италија е најдобрата држава на стариот континент, тој вели:

„Лесно е да се стигне дотаму од секој дел на Европа. Секој може да си ја дозволи - не е најевтина, но сепак пристојна.

Пејзажите се многу разновидни - планини на северот, неверојатни пространства во Тоскана, прекрасни градови, вулкани и преубави плажи - сè што може да посакате во една држава.

Секако, има и историја, како и културни наследства заштитени од УНЕСКО.

Тука не може да ви е здодевно. Можете да отидете од еден во друг град и да видите нешто навистина уникатно и убаво“.

По Италија, на листата најубави земји му се Исланд, Шпанија и Кипар.

Од друга страна, Јанис ги избра и државите кои најмалку му се допаднале, а на врвот на листата се Бугарија и Романија.

Тој објаснува дека овие две држави ги посетил пред десетина години, но и понатаму е под импресии на студенилото, она што постоело во времето на поранешниот источен блок и нивниот политички режим.

„Се сеќавам дека имаше убави плажи, па сакам да им дадам втора шанса и да ги посетам пак понатаму“, вели Јанис.

На оваа непопуларна листа, за земји кои не му се допаднале е и Молдавија, Лихтенштајн и Ватикан.

Во однос на безбедноста како најнебезбедни, германскиот патувач издвојува три града и тоа Барселона, Марсеј и Париз.

Вели, побезбеден се чувствувал во Украина, која ја посетил во време на конфликтот, споредено со овие три града.

„Постојано бев на ‘трње’ дека некој може да ме ограби, бидејќи има многу џепчии и криминал“, рекол Јанис.

Како најбезбедни дестинации ги препорачува Малта, Кипар, Норвешка, Финска, Андора, Сан Марино и Белорусија.

Запрашан која држава му е најголемо изненадување, тој нема дилема дека тоа е Црна Гора.

„Не знаев што да очекувам, а сфатив дека е една од најубавите земји што сум ги посетил и сега ми е меѓу омилените.“

Тој одвои и една држава која веќе никогаш не би ја посетил - Монако.

„Луксузот и гламурот се насекаде, но тоа не е нешто што ме привлекува“, додал тој.

Погледнете повеќе фотографии од патувањата на Јанис на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg