Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестинација)

Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес важи за едно од најубавите обележја на нашата престолнина.

stari-gradovi-niz-evropa-shto-ne-treba-da-gi-odminete-01.jpg

Еден од најубавите делови низ европските дестинации се таканаречените стари градови каде што се зачувани градби стари и по неколку векови.

Покрај цркви и други верски храмови, низ улиците на европските стари градови има и куќи во кои се живее до денес, но кои го задржале шармот на минатото.

Секако, овде се и улиците со калдрми кои им даваат посебен шарм на старите градови.

Дел од најубавите стари градови низ Европа:

Стариот град во Бриж, Белгија

Можеби за туристите Бриж не е познат колку Брисел, но ако сакате стари градби, треба да му дадете шанса.

Стариот град во Бриж е познат по плоштадите, катедралите калдрмите, но и бројните канали.

А, навечер мора да седнете во паб и да пробате некое од локалните пива.

Стариот град во Ронда, Шпанија

И Ронда не е популарен колку другите десигнации во Шпанија, но овде можете да ги видите некои од највеличествените стари градби.

Можеби најпознато обележје на стариот град е мостот Puente Nuevo изграден меѓу две карпи, над бездна која е длабока 120 метри.

Изграден е во доцните 1700-ти и до денес претставува архитектонско чудо.

Стариот град во Талин, Естонија

Стариот град во Талин е под заштита на УНЕСКО и овде можете да видите бројни куќи кои стојат уште од Средниот век.

За најдобар поглед во градот качете се на црквата St. Olaf.

Стариот град во Котор, Црна Гора

Најпопуларниот дел од Котор е, секако, Стариот град со бројни средновековни градби како цркви, катедрали и палати.

Но, можеби најфасцинантни се ѕидините што го опкружуваат градот кои се високи 20 метри, а долги дури 5 километри.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg