Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европа (фото+видео)

На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која прелетува над базарот трипати дневно. Како изгледа еден од најубавите базари во Европа?

letachka-sanka-so-dedo-mraz-ukrasuvanje-kolachinja-bozhikjniot-bazar-vo-montro-shvajcarija-e-eden-od-najubavite-vo-evropa-foto-video-01.jpg

Божиќните базари се едно од најубавите нешта во празничната сезона.

Многуте сијалички, вкусната храна, топлите пијалаци и веселите посетители создаваат волшебна празнична атмосфера.

Иако низ Европа има бројни божиќни базари од кои е тешко да се издвои најубавиот, еден базар во Швајцарија дефинитивно ја има најуникатната атракција.

Во швајцарскиот град Монтро има санка на Дедо Мраз која го „прелетува“ божиќниот базар.

Санката, комплет со ирваси и, секако, подароци, е закачена на жица, но навечер изгледа како над вас навистина да прелетува Дедо Мраз.

Санката го прелетува базарот секој ден во 5, 6 и 7 часот попладне, а во сабота и недела, можете да го видите и во 4 часот попладне.

Покрај главната атракција, во склоп на базарот има панорамско тркало, работилница каде што можете да украсувате божиќни колачиња и Дедо Мраз со кој можете да се фотографирате.

Исто така, има многу штандови за храна и пијалаци, како и елка на која можете да си ја закачете вашата новогодишна желба.

Базарот работи од 21 ноември до 24 декември, а годинава се одбележуваат и 30 години од неговото прво отворање.

Во продолжение повеќе фотки од базарот и главната атракција – санката на дедо Мраз:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви... На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg