„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“

„Гледав мажи кои шетаат со по три сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа со реклами за ботокс“, вели млада девојка која живеела во Дубаи. Ако сте го посетиле градот, каков впечаток ви остави?

zhiveev-vo-dubai-i-go-mrazam-site-osven-bogatite-mazhi-se-tretirani-kako-predmeti-01.jpg

Моментално Дубаи е една од најпопуларните туристички дестинации.

Мнозинството од ние кои биле се восхитени од градот, а оние кои уште немале можност да го посетат, сонуваат дека наскоро ќе го видат.

Од друга страна, постојат и луѓе кои го презираат Дубаи.

Неодамна, вирална објава на ТикТок го истакна ова поделено мислење на јавноста.

Младата девојка, која на ТикТок се претставува само како Ана, живеела во Дубаи и го опиша градот како „дистописки пекол“.

zhiveev-vo-dubai-i-go-mrazam-site-osven-bogatite-mazhi-se-tretirani-kako-predmeti-04.JPG

На објавата, која има над 2 милиони прегледи, таа накратко кажува што ѝ пречи во врска со раскошниот град.

Објавата е всушност слајд од неколку фотки од неа во Дубаи.

zhiveev-vo-dubai-i-go-mrazam-site-osven-bogatite-mazhi-se-tretirani-kako-predmeti-02.JPG

На фотките пишува:

„Ако ме прашате за Дубаи, би кажала дека го мразев. Но, ако ме прашате на подлабоко ниво, би рекла дека е најлошото место на коешто сум живеела.

Никогаш нема да го заборавам мигот кога гледав како луѓе порачуваа месо прекриено со злато, додека надвор имигрантите работеа на температура од 43 степени Целзиусови.

Пешачењето три часа без да видам малку природа која не изгледа лажно, вклучувајќи ги и плажите и брановите, беше вештачко, како некој дистописки пекол.

Гледав девојки кои ги застануваше полиција бидејќи танцувале, а бев бомбардирана со реклами за ботокс.

Мажи кои шетаат со по три сопруги кои изгледаат мизерно.

Животните, жените, доселениците и сите, ОСВЕН богатите мажи, се третирани како предмети.

Буквален пекол“.

zhiveev-vo-dubai-i-go-mrazam-site-osven-bogatite-mazhi-se-tretirani-kako-predmeti-03.JPG

zhiveev-vo-dubai-i-go-mrazam-site-osven-bogatite-mazhi-se-tretirani-kako-predmeti-06.JPG

На објавата веќе има над 6.000 коментари, а мислењата на јавноста се поделени.

Некои се согласуваат со девојката:

„Потполно се согласувам со тебе. И јас живеев во Дубаи“.

„Пораснав во Дубаи и се согласувам со голем дел од она што го кажа. Но, сепак, кога се преселив во Англија, ги видов истите работи, само што тука се подобро скриени“.

„Конечно некој да ја каже вистината. Четири години живеев во Катар и се случува истото“.

„Седум години сум во Дубаи. Сè што кажа е точно“.

zhiveev-vo-dubai-i-go-mrazam-site-osven-bogatite-mazhi-se-tretirani-kako-predmeti-05.JPG

Сепак, некои сметаат дека Дубаи има многу повеќе добри отколку лоши страни:

„Само луѓето од Западот се жалат. Најдоброто нешто во Дубаи е безбедноста. Можете ли да го кажете истото за Европа или Америка?“

„Неколку месеци живеам во Дубаи и ми се допаѓа. Единствено жалам што не се преселив таму порано“.

„Секој си има свое мислење. Живеам во Дубаи веќе неколку години и никогаш не сум видел или искусил нешто од ова што го кажуваш“.

Дали вие сте биле во Дубаи? Каков впечаток ви остави?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
Виолинистката Ева Богоевска бремена на одмор на Малдиви: „Не ми беше сеедно кога ме допираа ајкули“ „Морам да признаам дека воопшто не ми беше сеедно кога чувствував како ајкулите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg