Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците

„За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“. Кој е најголемиот културен шок со кој сте се соочиле во странство?

raboti-shto-se-norma-vo-zemjite-shirum-svetot-no-se-kulturen-shok-za-strancite-01.jpg

Можеме да знаеме многу факти за некоја земја, но кога ќе ја посетиме, да доживееме таканаречен културен шок.

Односно, да се соочиме со нешто што таму е норма, додека во земјата во којашто живееме да биде несекојдневно, дури и гледано со презир.

На Редит, луѓе споделуваат кој е најголемиот културен шок со којшто се соочиле во странство:

„Кога бев во Јапонија, се изненадив од тоа колку е тивко на јавните места – на пример, никој не зборува во јавниот превоз. Луѓето или читаат, или гледаат на телефонот, или молчат.

Но, искрено, по неколку дена почна да ми се допаѓа. Замислете да се возите во градски автобус, а да не мора да слушате за нечија семејна драма“.

„Сообраќајот во Виетнам. Изгледа како да нема ниту едно правило, освен на која страна од автопатот да возат.

Главно има мотоцикли кои не возат прописно, а луѓето преминуваат улица каде било.

На туристичкиот водич му реков дека ми е чудно што нема несреќи, но тој ми кажа дека само во главниот град, секој месец има 30 смртни случаи од сообраќајки“.

raboti-shto-se-norma-vo-zemjite-shirum-svetot-no-se-kulturen-shok-za-sekoj-turist-02.JPG

„Шахтите во Њујорк од коишто изглегува пареа. Мислев дека тоа е само ефект што го прават за во филмовите“.

„Во Германија, луѓето ќе ви пријдат за да ви кажат ако направите нешто погрешно.

На пример, јас бев во парк и закачив лежалка на дрво, како што имаа закачено многу други. Но, еден маж ми пријде и ми рече дека морам да ставам заштита околу дрвото за да не се оштетува од лежалката.

Прво малку се налутив, но потоа сфатив дека тој само се грижи за паркот. Па, почнав да ги ценам Германците што заедно се грижат за нивите јавни површини“.

raboti-shto-se-norma-vo-zemjite-shirum-svetot-no-se-kulturen-shok-za-sekoj-turist-3.JPG

„Се преселив од Канада во Холандија. Холанѓаните не си разговараат за безначајни работи, особено не со странци.

Ако му поставите прашање на некој што не го познавате, поверојатно е да ве праша зошто му поставувате прашање, отколку да ви одговори.

Ако сепак ви одговори, тоа ќе биде со збор-два и прекорувачки поглед“.

„Кога се преселив во Италија, најголем шок ми беше како Италијанците го перципираат времето. Кај нив е норма малку да задоцниш и не го гледаат тоа како неучтивост“.

„Кога живеев во Кореја, можев слободно да оставам телефон или што било на маса во локал и никој не го допираше. Никогаш, дури и кога имаше многу луѓе во локалите“.

raboti-shto-se-norma-vo-zemjite-shirum-svetot-no-se-kulturen-shok-za-sekoj-turist-04.JPG

„Потекнувам од Европа, но 20 години живеам во Австралија и работам како наставник. Уште ми е чудно како изгледаат училниците по завршувањето на часовите.

Учениците фрлаат ѓубре на подот, па дури и се навредени ако им речеш да си го соберат“.

„Кога бев во САД, видов повеќе бездомни луѓе на патот од аеродромот до хотелот, отколку во 30-те години што живеам во Европа“.

raboti-shto-se-norma-vo-zemjite-shirum-svetot-no-se-kulturen-shok-za-sekoj-turist-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg