Германец посетил 190 држави во две години: „Македонија е меѓу најпотценетите, Египет е пренапорен за туристите“

„Не одете само во Франција, Италија, Грција и Шпанија. Има уште 40 земји кои може да ги истражувате. Изненаден сум што Црна Гора и Словенија не се поголеми туристички дестинации - евтини се и преубави“, вели 22-годишниот Лука, кој си задал предизвик да посети 195 држави и веќе ја завршува својата мисија.

germanec-posetil-190-drzhavi-vo-dve-godini-makedonija-e-megju-najpotcenetite-egipet-e-prenaporen-za-turistite-01.jpg

Германецот Лука Пфердменгес, на ТикТок познат како TheGermanTravelGuy, за две години посетил 190 земји во светот, а целта му е да посети 195, па тој е веќе пред крајот на својата мисија.

Кога во јуни 2022 објави видео и кажа дека сака да отиде во 195 земји, и од секоја од нив да сними кратко видео и да ја претстави, тој ги праша своите следбеници за препораки - каде да оди и што да види, но и дали им се допаѓа идејата за скоро 195 видеа од толкав број различни земји.

@thegermantravelguy

195 countries — 195 short TikToks from every one of them 🕌🛣🏝🏞 What do you think? #countries #travel #fypシ

♬ Love You So - The King Khan & BBQ Show

Иако досега не објави видеа од секаде, Лука скоро ја заврши својата патувачка мисија, па во интервју за Daily Mail раскажа за своите искуства.

22-годишниот Германец патува по светот од својата 15-та година и работи како професионален жонглер, па така делумно и си ги финансира патувањата.

germanec-posetil-190-drzhavi-vo-dve-godini-makedonija-e-megju-najpotcenetite-egipet-e-prenaporen-za-turistite-01_1.jpg

Вели дека од сите држави што ги посетил (а во Европа бил во секоја земја), најмалку му се допаѓа Белгија.

„Според мене, земјата не е безбедна, особено ноќе. Ни градовите, а зборувам за Брисел, во случајов. Но и многу други белгиски градови се грди - сиви и депресивни, особено во зима“, вели тој.

germanec-posetil-190-drzhavi-vo-dve-godini-makedonija-e-megju-najpotcenetite-egipet-e-prenaporen-za-turistite-04.jpg

Освен што смета дека Брисел е еден од најнебезбедните градови да се шета низ нив ноќе, на листата ги додава и Париз, Лондон и Франкфурт и препорачува туристите да ги избегнуваат за ноќни прошетки, особено ако се сами.

„Не одете само во Франција, Италија, Грција и Шпанија. Има уште 40 земји кои може да ги истражувате.

Изненаден сум што Црна Гора или Словенија не се поголеми туристички дестинации со сите убавини што ги нудат - евтини се, преубави, а ги посетуваат најмногу луѓето од региот, но не и светски туристи“, вели тој.

germanec-posetil-190-drzhavi-vo-dve-godini-makedonija-e-megju-najpotcenetite-egipet-e-prenaporen-za-turistite-05.jpg

Во светски рамки, една од најпреценетите земји за него е Египет.

„Египет е пренапорен за туристите, според мое мислење. Карипските Острови се, исто така, преценети.

На оваа листа за мене се и Малдиви, Франција, Сејшели, Маурициус... Некои од овие земји имаат само убави плажи и не нудат ништо повеќе од тоа“.

germanec-posetil-190-drzhavi-vo-dve-godini-makedonija-e-megju-najpotcenetite-egipet-e-prenaporen-za-turistite-06.jpg

Запрашан, кои се најпотценетите дестинации од туристите, тој вели дека меѓу државите е и нашата земја.

„Македонија, Црна Гора, Мјанмар, балтичките земји, Узбекистан, Бутан и повеќето држави во Латинска Америка“, вели номадот.

@thegermantravelguy

THIS is my FAVOURITE CITY in Europe🌍😍 #travel #countries #everycountry #europe #traveltiktok #fypシ

♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

А. Ј. | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Која е Македонката, која ги сподели најубавите празнични фотки од Романија и Монако? „Со душа чекам да започнам со објава на празничните фотки“ – напиша на фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg