Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестинација)
Стариот град во Рига, Латвија
Стариот град во Рига е едно од најживописните места на листава.
Она што го прави Стариот грд уникатен се и градбите во помодерен стил кои одлично се вклопуваат меѓу зградите со шарени фасади.
Дубровник, Хрватска
Целиот Дубровник е како музеј опкружен со средновековни ѕидини и на секој дел од градот можете да налетате на стари градби.
Историските зданија низ градот се толку добро зачувани, што Дубровник е чест избор како дестинација за снимање филмови и серии, вклучувајќи ја и популарната Game of Thrones.
Стариот град во Краков, Полска
Стариот град во Краков е како излезен од сликовница и овде можете да го видите едниот од најголемите средновековни плоштади во Европа.
Уникатните градби и улиците со калдрми го прават една од најубавите дестинации во земјата.
Стара скопска чаршија, Скопје, Македонија
Едно од најпознатите обележја на нашата престолнина е, секако, Старата скопска чаршија, позната и како „Скопска турска чаршија“.
Денес овде се наоѓаат бројни продавнички, занаетчиски работилници, како и ресторани, па целата област е како голем трговски центар со стари градби и калдрми.
Иако доминира отоманската архитектура, а во поново време се забележуваат и помодерни градби, целата област е како спој на разни култури и цивилизации.
Спирова С. | Црнобело