„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“
Имаше многу туристи кои дошле да го видат овој стар град и мост, кои се под заштита на УНЕСКО од 2004 година.
Интересно е што во еден миг мостарец (маж локалец) се соблече и најавуваше дека ќе скокне за да ја прикаже традицијата, но, јас за жал, не го дочекав скокот.
И тука имав највкусен оброк кој се памети, не знам дали поради вештите раце на готвачот или едноставно поради спектакуларниот поглед на местото кое историја раскажува.
И, како и секогаш на патувања, најубаво ми беше кога се „изгубив“ по уличките каде што живеат локалците, на страна од туристичката врева. Овој пат наидов на ѕид од куќа испишан со стихови.
Нема нешто помоќно, зарем не?
Уште едно босанско гратче кое го посетивме беше Вишеград.
Во градот се наоѓа мостот опишан во книгата на легендарниот писател и нобеловец Иво Андриќ - „Мостот на Дрина“.
Вишеград кај месното население е познат како „На Дрини ћуприја“.
При крстарењето по Дрина го видовме некогашниот дом на Иво Андриќ, но и новата црква, која била изградена во најрекорден можен рок, односно за само 68 денови, благодарение на тенисерот и хуманитарец Новак Ѓоковиќ.
Мостот на Дрина е живописна глетка, на која нема да се наситите. Гратчето е тивко и мало, па седнете и уживајте во глетката.
И откако ја напуштивме Босна и Херцеговина со најубави впечатоци, на враќање кон Македонија го посетивме и „Дрвен град“ на Емил Кустурица, во Србија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





