Жена што одби да му го даде своето авионско седиште на расплакано дете стана вирален хит - вели ѝ го загорчиле животот
- Детали
- среда, 12 март 2025
„Коректно почекав детето да стане од моето место до прозорецот и да седне на друго, за јас да седнам на моето седиште. За време на летот детето плачеше многу, што иако е непријатно, е нормално и се случува за време на летови...“, ја раскажува својата приказна Џенифер Кастро (29) од Бразил.
Џенифер Кастро (29) од Бразил, вработена во банка, стана вирален хит во декември 2024 година, откако беше снимена кога за време на лет во бразилска авиокомпанија не му го отстапила местото на детенце, во фазата на тодлер, кое плачело.
Таа не сакала да му го остапи своето место покрај прозорецот, без разлика што тоа плачело, и поради тоа станала мета на бура од негативни коментари на интернет.
Поради целата сцена таа останала затворена дома и морала да ја промени работата.
Но, сега таа повторно е актуелна откако одлучила да побара отштета за оваа ситуација од бразилската авиокомпанија GOL Airlines, како и од патникот кој го снимил инцидентот и го објавил онлајн.
Видеото било снимено од случаен патник од летот, а не од страна на мајката на детето.
„Од тој инцидент мојот живот тргна во лоша насока, нешто што никогаш не можев да го замислам.
Тоа што требаше да биде обичен лет, а се претвори во екстремно застрашувачка ситуација. Бев нефер изложена пред целата јавност, а последиците се одразија на мојот приватен и професионален живот.
Бев мета на осуда и напади од луѓе кои воопшто не ја знаеја целата приказна“, вели таа.
Џенифер вели дека инцидентот започнал уште при качувањето во авионот кога видела дека некое дете седи на нејзиното седиште.
Бидејќи однапред си го имала резервирано седиштето до прозорецот, очекувала детето да стане оттаму.
„Коректно почекав да стане и да седне на друго место, за јас да седнам на моето седиште.
За време на летот детето плачеше многу, што иако е непријатно, е нормално и се случува за време на летови.
Тоа што ме изненади е фактот дека некоја личност, која нема никаква врска со ситуацијата, почна да ме снима без дозвола, да ме навредува и да се обидува јавно да ме засрами затоа што не сакав да ги сменам седиштата.
Видеото стана вирално и јас имав сериозни последици врз моето ментално здравје.
Никогаш не замислував дека нешто толку едноставно, може да добие такви размери.
Повеќе не работам таму каде што работев претходно... Практично, имаше денови кога не го напуштав домот...“
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





