Вирален хит: Чудното и непријатно ракување на Доналд Трамп и Макрон
- Детали
- вторник, 25 февруари 2025
Во текот на годините Трамп и Макрон како постојано да си ја мерат силата стискајќи се пресилно при ракување и провоцирајќи се. Овој пат двајцата претседатели повторно имаа хит ракување, и тоа не едно, туку три во ист ден.
Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон чудно и непријатно се ракуваа трипати за време на нивната средба во Вашингтон, каде дискутираа за воената состојба на Русија и Украина.
Нивните непријатни ракувања не се новост, а тие имаа такво вирално ракување и во 2017 година кога изгледаше како да се држат за раце цела вечност, но и многупати потоа.
Овој пат првото ракување им траеше 12 секунди, додека позираа за фоторепортерите.
Погледнете го долгото ракување:
Потоа, непријатна ситуација имаше и во овалната соба кога Трамп му ја стави раката на Макрон на ногата, а нему не му се допадна овој физички контакт, па го претвори во уште едно ракување.
И последното и трето непријатно ракување за време на нивната средба се случи на прес конференцијата за новинари каде Трамп чудно му ја извртува раката на Макрон.
Фотографии од нивната средба:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





