Бурниот љубовен живот на Ивана, поранешната сопруга на Доналд Трамп: Брак за државјанство, 23 години помлад сопруг

Доналд Трамп е само еден од четирите сопрузи на Ивана Трамп. Таа беше во брак со многу помлад италијански актер, а со првиот сопруг се венчала само за да добие австриско државјанство.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp01.jpg

Ивана Трамп ќе остане запаметена како поранешна сопруга на Доналд Трамп и мајка на три од неговите деца.

Но, Доналд е само еден од четирите мажи со кои Ивана била во брак.

По четири разводи, во 2017 година Ивана изјави дека веќе не планира да се венча и дека раскрстила со романтични врски.

Наместо тоа, сакала да се фокусира на нејзините внуци.

Ивана, која почина во 2022 година, дефинитивно имала бурен живот, но уште повеќе внимание привлекуваа нејзините љубовни врски.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-02.JPG

Неколку детали за четирите пропаднати бракови на Ивана:

Алфред Винклмејр

Првиот сопруг на Ивана бил Австриецот Алфред Винклмејр.

Тие се венчале во Прага, во 1971-ва, кога Ивана имала 22 години.

Алфред бил инструктор по скијање, па и така се запознале - Ивана била професионален скијач во Чехословачка.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-03.JPG

Сепак, две години подоцна се развеле, а адвокатот на Ивана го опишал бракот како „студена војна“ бидејќи никогаш немале односи и не ни живееле заедно.

Наводно, Ивана се венчала со него за полесно да допре до австриско државјанство за да може да си замине од тогашна Чехословачка.

Во 1972-ра, таа добила австриски пасош, се преселила во Канада и следната година го поништила бракот.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-04.JPG

Доналд Трамп

Доналд Трамп останува најпознатиот сопруг на Ивана.

Додека за неа ова бил вториот брак, Ивана е првата сопруга на Доналд.

Тие се запознале во Њујорк во 1976-та, кога Ивана имала 26 години и работела како модел.

Тој период таа живеела во Монтреал, но била на патување во САД.

Според нејзина изјава, Доналд ѝ помогнал со другарките да најде маса во елитниот ресторан каде што се запознале, а на крај им ја платил и вечерата.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-05.JPG

Тие се венчаа во 1977 година, а кон крајот на истата година го добија синот Доналд Трамп Џуниор.

Во 1981-ва ја добија ќерката Иванка Трамп, а во 1984-та – синот Ерик Трамп.

До 1988 година, Ивана доби и американско државјанство.

Околу 15 години по свадбата, Ивана дозна дека Доналд имал афера со Марла Мејплс – жената со која ја доби Тифани Трамп, а подоцна и се венча.

Од разводот, Ивана доби 14 милиони долари, алиментација од 650.000 долари месечно, куќа и стан, како и можност да го користи популарниот имот на Трамп – Мар-а-лаго – еден месец годишно.

Иако подоцна го подобри односот со Доналд, Ивана изјави дека никогаш не ѝ простила на Марла, дури и откако Доналд се разведе од неа.

„Ми го растури бракот. Никогаш нема да го прифатам нејзиното извинување. Но, немам никаков проблем со Меланија“.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-06.JPG

Рикардо Мацучели

Две-три години по разводот со Доналд, Ивана почна врска со италијанскиот бизнисмен Рикардо Мацучели.

Тие се венчаа во 1995-та, а наводно Рикардо ја запросил и претходно, со 10-каратен дијамантски прстен, но таа го одбила.

Вториот пат прифатила, пa беа заедно околу две години.

По разводот, Рикардо изјави:

„Многу ја сакав Ивана и го давав најдоброто од себе за неа. Направив за неа повеќе отколку Трамп“.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-7.JPG

Една година подоцна, Ивана го тужеше Рикардо бидејќи го прекршил договорот и откривал приватни детали за нивниот брак.

Тoј, пак, ѝ одговори со тужба за нарушување на неговата репутација.

Двајцата направија спогодба надвор од судница, и деталите не се познати за јавноста.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-8.JPG

Росано Рубиконди

Бракот на Росано и Ивана привлекуваше многу внимание, најмногу бидејќи тој беше 24 години помлад од неа.

Се венчаа во 2008-ма, кога Ивана имаше скоро 60, а Росано 36 години, и тоа на имотот на Доналд Трамп.

Нивниот брак беше далеку од конвенционален бидејќи постојано се разделуваа, па се смируваа, во период од една деценија.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-09.JPG

По разделбата, Ивана изјави:

„На нашата врска, едноставно, ѝ помина рокот. Росано минуваше многу време во Италија, а јас во Њујорк, Мајами и Сен Тропе…

Врската на далечина баш и не функционира. Ни беше убаво и сега сме пријатели“.

Росано почина една година пред Ивана, на само 49-годишна возраст.

brak-za-drzhavjanstvo-23-godini-pomlad-soprug-burniot-ljuboven-zhivot-na-ivana-poraneshnata-sopruga-na-donald-tramp-10.JPG

Прочитајте повеќе: Беше во брак со 24 години помлад маж, му помогна на Трамп да ја изгради империјата – Факти за Ивана Трамп која почина на 73 години

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg