Жена што одби да му го даде своето авионско седиште на расплакано дете стана вирален хит - вели ѝ го загорчиле животот
Но, покрај сите лоши искуства, доброто Џенифер вели дека било што многу луѓе ја заследиле на Инстаграм и сега има повеќе од 2 милиони следбеници, па на тој начин почнала да работи како инфлуенсер и направила соработки со многу брендови.
„Одлучив да ја тужам авиокомпанијата и патникот кој ме снимаше без дозвола затоа што тоа ми донесе голем стрес. Никој не заслужува да помине низ тоа низ кое јас поминав само затоа што си го користев правото да си седам на седиштето за кое си платив.
Сите имаме права и тие треба да се почитуваат без оглед на мислењата на другите луѓе. Не преземам мерки против мајката на детето, само против тие кои ми ја прекршија приватноста“, вели таа.
Додава дека сите сме различни и во тоа е убавината. Плус, дека секој треба да ги почитува правата на другиот.
Погледнете го видеото од настанот:
Повеќе фотографии од нејзиниот Инстаграм профил:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





