Стела од Скопје чува кралски питон: „Зои ја имам 1 година, еднаш ми избега од терариумот и кренав паника“
- Детали
- среда, 05 март 2025
„Мајка ми беше против змијата на почетокот. Таа имаше страв од змии и секогаш ми кажуваше дека тие се опасни и не се за дома“ вели за CRNOBELO.com, Стела, која веќе една година чува егзотичен миленик.
Стела Ставревска (18) од Скопје, веќе една година во својот дом чува миленик змија. Стела има кралски питон, кој потекнува од Африка, а се вика Зои.
Во разговор за CRNOBELO.com, оваа млада девојка вели дека не би го заменила својот егзотичен миленик за ништо и дека е пресреќна што ја има Зои дома.
За тоа како е да се чува змија, Стела раскажа во интервјуто:
Како се одлучи да чуваш змија како домашен миленик? Имаше ли некој член од семејството кој првенствено беше против?
Одлуката да чувам змија дојде како резултат на мојата љубов кон егзотични животни.
Сакав нешто поинакво од традиционалните миленици како кучиња и мачки.
Зои ја добив на подарок.
Мајка ми беше против змијата на почетокот. Таа имаше страв од змии и секогаш ми кажуваше дека тие се опасни и не се за дома.
Но, јас ѝ објаснив дека постојат многу луѓе кои имаат змии како миленици и дека ако се чуваат правилно, тие не претставуваат опасност.
Како реагираат луѓето на твојот миленик?
Тема за змиите како домашни миленици може да предизвика интерес, но и некои предрасуди, особено кај луѓе кои не се толку запознаени со овие животни.
Луѓето имаат различни реакции. Некои се многу заинтересирани и сакаат да ја допрат, додека други се плашат или не се сигурни како да изреагираат.
Како реагира змијата кога ти доаѓаат гости? Постојат ли правила што смеат, а што не смеат да прават гостите кога станува збор за односот кон неа?
Змијата генерално не се вознемирува кога имам гости, но ако е во нејзиниот терариум, обично избегнувам да ја мешам во преголема врева или допир од страна на непознати лица.
Нема некакви специјални правила, но гостите не смеат да пробуваат да ја земат или допрат со нагли движења.
Змиите не се љубопитни како кучето, но не треба да се форсираат да бидат допирани ако не се удобни со тоа.
Какви услови се потребни за чување на змијата?
За кралскиот питон е потребна стабилна температура, влажност и комфор.
Затоа имаме соодветен терариум за неа, во кој може комотно да се движи.
Како ѝ изгледа живеалиштето на змијата и колку често ѝ го чистиш?
Моментално ѝ спремаме нов терариум, кој ќе биде поголем и подобро приспособен на нејзините потреби, со дополнителни скривалишта, подобар систем за одржување на температурата и влажноста.
Во него ќе има и нови природни материјали за подлогата кои ќе ѝ овозможат повеќе простор за движење и истражување.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





