Брена расплакана, сопругата и ќерката со наведнати глави - На комеморацијата на Саша Поповиќ е цела српска естрада
- Детали
- четврток, 06 март 2025
Денес (06.03) на комеморацијата на Саша Поповиќ повеќето јавни личности ги криеја расплаканите очите зад црните очила за сонце. Лепа Брена дојде со сопругот Боба Живојиновиќ, а тука беа и Александра Пријовиќ, членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Жељко Јоксимовиќ, Милица Павловиќ, Саша Ковачевиќ...
Денес во Белград ќе биде погребан Саша Поповиќ, поранешниот член на бендот „Слатки грех“ и еден од основачите на „Гранд“.
Поповиќ почина на 70 години на 1 март во Париз, каде што се лекуваше изминатиот период.
Неговите посмртни останки беа донесени во Белград, а денес ќе бидат изложени во црквата каде што неговите пријатели и соработници ќе можат за последен пат да се збогуваат од првиот човек на „Гранд“.
Тој ќе биде погребан на гробиштата на Бежаниска коса, каде што долги години живееше со семејството.
Пред погребот, во Сава центар се одржа комеморација во негова чест.
Меѓу првите на комеморацијата пристигнаа неговата сопруга Сузана Јовановиќ, заедно со ќерката Александра и посинокот на Саша, Даниел, за кого музичарот постојано велеше дека му е вистински син и со кого беше многу приврзан.
А на комеморацијата дојде и целата српска естрада.
Во првите редови седеше Лепа Брена, пејачката која ја почна својата кариера со Поповиќ, и која заедно со него го основаше „Гранд“.
Таа, како и повеќето јавни личности, ги криеја очите зад големите очила за сонце, но беа расплакани за загубата на својот пријател.
Брена дојде со сопругот Боба Живојиновиќ и синот Виктор, но и Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип.
Меѓу првите кои пристигнаа на комеморацијата беше и Цеца Ражнатовиќ, Неда Украден, членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ - Вики Миљковиќ, Александар Милиќ - Мили, Босанац, Ѓорѓе Давид, Ама Бекута и Марија Шерифовиќ.
Во салата за комеморација беа и Жељко Јоксимовиќ, Рада Манојловиќ, Снежана Бабиќ, Лепа Лукиќ, Милица Павловиќ, Саша Ковачевиќ, Бане Мојиќевиќ, Ера Ојданиќ, претседателот на КК Партизан Остоја Мајаиловиќ, водителите Воја Недељковиќ и Драгана Катиќ и многу други.
Најемотивниот момент беше почетокот на комеморацијата, кога имаше минута молк во чест на Саша Поповиќ.
Говор држеа многу личности, а меѓу најемотивните беше Ана Бекута.
Таа рече: „Саша Поповиќ беше греда која ги држеше кариерите на многу луѓе“.
Погледнете го видеото:
Погребот ќе се одржи во 14 часот.
Прочитајте и Љубовната приказна на Сузана и Саша Поповиќ - првиот брак ѝ траел 7 месеци, Саша ја освоил со еден гест
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





