Александра Пријовиќ блеска во втората бременост – разголените аутфити ги замени со удобна облека
- Детали
- четврток, 13 март 2025
Со малку отечено лице, но блескав труднички сјај, Александра Пријовиќ откри дека се чувствува добро во втората бременост, облечена во лежерен но стилски аутфит на концертот на Марија Шерифовиќ.
фото: Инстаграм / скриншот Инстаграм видео
Во јануари 2025 српските медиуми открија дека Александра Пријовиќ е во рана бременост и дека планира да се повлече од естрадата.
Последниот концерт од турнејата го одржа на 22 декември 2024 во Белград, а последниот настап ѝ беше на новогодишната ноќ.
Прочитајте повеќе: Александра Пријовиќ со концерт во Белград ја заврши турнејата: Заплака пред 22.000 луѓе, емотивна порака од синот и сопругот
Таа сега е посветена на себе и на синот Александар, кој го добија со сопругот Филип Живојиновиќ во март 2019-та година.
Засега е познато дека 6-годишниот Александар ќе добие сестричка, а на последното појавување во јавност мајката откри дека се чувствува добро.
Таа беше забележана како доаѓа сама на концертот на Марија Шерифовиќ во Белград, облечена во кежуал, но стилски аутфит – со црни панталони, бела кошула, сиво сако и мокасини.
Пријовиќ блеска со труднички сјај и насмевка која зрачи оддалеку, а на новинарите само накратко им кажа: „Добро сум, ви благодарам“.
Кликнете на видеото за да го погледнете:
Прочитајте и Беше свршен со актерка, ѝ предвидуваа свадба со познат пејач: Кои се бившите на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





