„И двајцата блескате“ – 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски објави нови фотографии од одморот во Африка
- Детали
- сабота, 24 август 2024
„Ти си победник. Добродетел. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател“ – во минатото 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски ги наброи особините што ѝ се допаѓаат кај него. И покрај големиот број критики, парoт нема намера да ја крие љубовта, па сега споделија нови фотки од одморот во Африка.
Актерот Лазар Ристовски, во последните неколку месеци привлекува внимание, откако се дозна дека тој е во врска со 39 години помладата Аница Лазиќ, а додека тие често се осудувани од јавноста заради големата генерациска разлика, има и такви што ги поддржуваат.
Неодамна, младата Аница во одговор на некои негативни коментари упатени до неа, сподели повеќе позитивни коментари и пораки за поддршка што ги добила, иако на социјалните мрежи често се осудувани.
Но, и покрај коментарите дека Лазар би можел да ѝ биде дедо и дека таа го искористува заради неговата слава, тие двајца често објавуваат заеднички фотки, и покажаа дека немаат намера да ги кријат сопствените чувства од јавноста.
Лазар и Аница летово прво беа на одмор на Малдиви, а потоа заминале и во Африка и иако не открија каде точно се наоѓаат, според објавите на социјалните мрежи може да се процени дека добро се забавувале и навистина биле среќни, а актерот се чувствува среќно и подмладено во нејзиното друштво.
Аница објави нивна црно-бела фотка на која заедно позираат, за која доби голем број позитивни коментари од следбениците.
Речиси сите се сложни дека парот изгледа среќно и вљубено:
„На овој пар му ја посакувам цела среќа;“
„И двајцата сте згодни“;
„Фотографијата се вика – љубов, среќа. И двајцата блескате“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, според пишувањата во српските медиуми Аница и Лазар веќе живеат заедно во неговата куќа во Земун.
Во февруари годинава, таа на социјалните мрежи упати емотивна порака до нејзиниот партнер, па напиша:
„Лазар (значење: Бог помага). Се верува дека мажот со ова име е испратен од Бога да помогне на Земјата. Јас знам дека е така.
Ти си победник. Добродетел. Нашиот најголем уметник. Голем творец којшто го сака животот и затоа животот те сака тебе. Ти си заштитник. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и добро срце“.
Погледнете уште неколку фотки од Аница во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело