Марија Шерифовиќ сподели што ја нервира најмногу кај мајчинството и објави фотка од синот: „Прв вирус - честитајте“
- Детали
- среда, 05 март 2025
„Луѓето ме доведуваа до лудило со убедувањето дека треба да му правам тренинг за спиење на синот. Знаете, бебе од 2-3 месеци да го пуштам да помодри од плачење...“, вели Марија Шерифовиќ и го споделува советот кој ѝ го дале во болницата во Лос Анџелес, каде го доби синот од сурогат мајка.
Марија Шерифовиќ во декември 2023 со помош на сурогат мајка доби син, на кој му го даде името Марио, и неретко знае да истакне дека тој ја научил на важни животни лекции, а најважно е дека ја научил што е љубов и што значи да сакаш некого.
Марио се роди во болница во Лос Анџелес, а пејачката никогаш не ги откри целосно деталите како изгледал овој процес.
Сега, таа сподели дека нејзиниот син е болен за првпат. Објави фотографија на Инстаграм стори од Марио (1) и напиша: „Прв вирус – кој сака нека честита!“.
Инаку, српската пејачка одлично се справува со обврските околу мајчинството и ужива навистина во овој период од животот, но од друга страна вели дека постои само една работа која навистина ја нервира и ја вади од такт – непосакуваните совети околу мајчинството.
Таа за српските медиуми вели дека уште на самиот почеток блиските се труделе максимално да ѝ го олеснат мајчинството, но всушност правеле работа која многу ја нервирала.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





