На 45 години стана мајка, зад себе има 2 неуспешни врски со спортисти - Бурниот љубовен живот на Марија Килибарда

Со години наназад јавно велеше дека сака да стане мајка, а потоа откако се разведе од партнерот кружеа гласини дека ѝ пречело тоа што тој од неа очекувал потомство. Се обиде да се помири со средношколската љубов, но среќата ја најде неочекувано, на 40 години – Бурниот љубовен живот на Марија Килибарда.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-01.jpg

Марија Килибарда е една од омилените српски телевизиски водителки, а неодамна го привлече вниманието откако се дозна дека се породи на 45 години и на свет донесе ќерка, чиешто име сѐ уште не го открила во јавност.

Марија долги години е присутна на малите екрани во Србија, а нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил интересен за публиката во регионот. Таа со години наназад јавно зборуваше дека би сакала да стане мајка, но се чинеше дека во љубовта не ѝ оди.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-09.jpg

Таа беше во долга врска со ракометарот Огњен Кајганиќ, која траеше од 2008-ма до 2011-та година.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-04.jpg

Во тој период тој играше во Грција, па водителката често патуваше во Атина за да се сретнат.

Но, иако имаше гласини дека парот дури направил и свршувачка, на крајот тие двајца се разделија, па велеа дека причина за тоа е што многу често биле разделени заради што емоциите меѓу нив згаснале.

По разделбата со Огњен, Марија одлучи да ѝ даде втора шанса на љубовта со момчето од средношколските денови, извесен Филип кого го чуваше подалеку од очите на јавноста – но, и оваа врска беше неуспешна, па парот се раздели во 2013-та година.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-02.jpg

Во 2014-та година ја започна врската со кошаркарот Владимир Радмановиќ, кој ја запроси на нејзиниот 35-ти роденден.

Марија на барање на сопругот се венча во тајност во 2016-та година, но само неколку месеци подоцна почнаа да кружат вести дека парот се разведува, а наводно причината била заради тоа што таа не сакала да стане мајка.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-06.jpg

По ова Марија во 2021-ва година ја започна врската со Бранислав Бане Вуќелиќ, со кого четири години веќе е во врска и не крие колку е среќна со него.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-07.jpg

Тие двајца долго ја криеја својата љубов, но потоа Марија откри дека со него конечно ја открила вистинската љубов.

„За првпат во животот партнерот ми е најдобар пријател.

Во минатото мислев дека тоа не го сакам, дека ги имам своите пријатели и дека од партнерот ми се потребни други работи.

Дека секој ден мора да се случува огномет од страсти и дека сѐ мора да правиме заедно.

Тоа ја гуши врската и таа прегорува.

Таквиот однос не е ниту здрав, ниту долгорочно квалитетен.

Вистинска работа е да имаш некого чијшто број ќе го свртиш штом ти се случи нешто важно“ – искрено раскажа Марија.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-03.jpg

Инаку, Бранислав не води јавен живот, но тој е син на актерката Љиљана Драгутиновиќ и на правникот и новинар Милорад Вучелиќ.

Во минатото беше познат по бурниот љубовен живот и забавите на сплавови, но се чини дека конечно се смири во прегратките на Марија.

po-dolga-vrska-so-rakometar-i-brak-so-kosharkar-stana-majka-na-45-godini-burniot-ljuboven-zhivot-na-marija-kilibarda-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg