Жена глумела дека е болна од рак за богатиот партнер да ѝ плати импланти за градите

Нејзиниот 44-годишен партнер изјавил дека му украла 8 години од животот и направила да живее во очај, емоционален хаос и страв поради нејзиното наводно нарушено здравје.

zhena-glumela-deka-e-bolna-od-rak-za-bogatiot-partner-da-i-plati-implanti-za-gradite-01.jpg 

Лора Мекферсон (35) од Велика Британија, мајка на две деца, за малку избегнала казна затвор откако лажно претставувала дека е болна од терминален рак за од својот богат партнер да извлече пари за операција на градите, СПА третмани и низа скапи подароци.

Таа сурово го лажела директорот Џон Леонард тврдејќи дека има рак на грлото на матката, јајниците, дебелото црево и градите, па дури и ја навела и нејзината ќерка да верува дека умира.

Таа неодамна се појавила пред судот „Derby Crown Court“ во Велика Британија, но не добила затвор. Имала само едно обвинение – лажно претставување, за кое треба да изврши општокорисна работа за заедницата.

zhena-glumela-deka-e-bolna-od-rak-za-bogatiot-partner-da-i-plati-implanti-za-gradite-02.jpg

За жал, Лора не е единствената што лажела дека има рак, за да дојде до средства од добронамерни и хумани луѓе, па затоа треба добро да се внимава при вакви ситуации, особено при давање донации – дали тие одат во вистинските раце.

„Ти си им кажала на најблиските дека си дијагностицирана со неизлечив рак. Тешко е да замислиме колку една индивидуа треба да биде сурова кон саканите и оние кои се грижат за неа за да им го направи ова.

Ова е нарцисоидно однесување за внимание и пари“, ѝ се обратил судот.

Инаку, нејзиниот 44-годишен партнер изјавил дека му украла 8 години од животот и направила да живее во очај, емоционален хаос и страв поради нејзиното наводно нарушено здравје.

Наводно, Лора никогаш не покажала каење за своето однесување.

Партнерот тврди дека имало ноќи кога го будела со врескање дека тој мирно си спие, додека таа трпи неверојатни болки поради болеста.

zhena-glumela-deka-e-bolna-od-rak-za-bogatiot-partner-da-i-plati-implanti-za-gradite-04.jpg

Ѝ организирал лекување во скапа клиника, но таа секогаш одела сама на прегледите и не прифаќала да ја придружува.

Лагите почнале од 2017 години и траеле со години. Таа со парите од него си направила и операција за зголемување на градите.

zhena-glumela-deka-e-bolna-od-rak-za-bogatiot-partner-da-i-plati-implanti-za-gradite-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децат... „Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не...
Бизарно: „Потрошила 900.000 евра за да биде ‘совршена жена’ и сега вели дека добриот изглед е клетва... Бразилка (35), прогласена за жена со ‘совршени пропорции’ од страна на Плејбој, ...
„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg