Ноле и Јелена Ѓоковиќ слават 10 години брак: Тенисерот ѝ посвети љубовна песна на сопругата (видео)

„10 години сме како едно, ќе те сакам засекогаш“: Ноле ѝ посвети љубовна песна на сопругата Јелена за да ја прослави 10-годишнината од бракот.

nole-i-jelena-gjokovikj-slavat-10-godini-brak-teniserot-i-posveti-ljubovna-pesna-na-soprugata-video-01.jpg

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, денес (10.07) слават 10 години во брак.

За да го одбележи јубилејот, славниот тенисер на својата сакана сопруга ѝ напиша љубовна песна, а на Инстаграм објави видео во кое спои нивни стари фотографии и видеа, па направи мала ретроспектива на нивната љубов.

На фотките се прикажани дел од нивните патувања, домашни прослави, една од првите заеднички фотки, уште од времето кога биле тинејџери, но и едно кратко видео на кое се прегрнати на тениски терен со ќерката Тара и синот Стефан.

Песната на Новак предизвика бројни коментари, а освен честитките за десетгодишнината, фановите му пишуваат дека не знаеле дека е толку романтичен.

nole-i-jelena-gjokovikj-slavat-10-godini-brak-teniserot-i-posveti-ljubovna-pesna-na-soprugata-video-02.jpg

Прочитајте ја љубовната песна на Новак:

„Десет години радост,
Десет години соништа,
Десет години како острови,
Десет години како потоци.

Десет години како родители,
Десет години сме како едно,
Десет години танцување,
Десет години забава.

Десет години јога,
Десет години се протегаме,
Десет години со кучиња,
Десет години брканици со нив.

Десет години летање,
Десет години на море,
Десет години покрај тебе,
Најдобриот дел од мене.

Десет години тенис,
Десет години топчиња,
Десет години триумфи,
Десет години со падови.

Десет години како соиграчи,
Десет години заедно,
Десет години Јелена,
Те сакам засекогаш.

Те сакам“ - напиша Новак.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Најубавата жена“ - Сопругата на Огњен Амиџиќ, која беше мета на критики, конечно почна да добива по... „Колку си само благословено убава жено...“ е еден од комплиментите кој го добила...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој... Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg