Мартија наполни 20 години: Објави ретка фотка со дечкото, прослави со другарките (фото)
- Детали
- понеделник, 08 април 2024
„Добредојдовте 20-ти“, напиша Мартија на Инстаграм и сподели дел од атмосферата на роденденската забава, но и фотографија со дечкото кого го крие од јавноста.
Пејачката Мартија Станојковиќ наполни 20 години. За роденденот направи забава со другарките, а на Инстаграм сподели неколку фотки и видеа од прославата.
За роденденот Мартија избра црна маичка, кратко тексас здолниште и црни сандали со ременчиња, а изгледот го дополни со минималистичка шминка и златен накит.
Таа имаше бела торта со црна панделака, на која со црни букви беа испишани нејзиното име и бројот 20.
„Добредојдовте 20-ти“ напиша таа на една од фотките што ги објави на Инстаграм Стори.
Но, за роденденот Мартија сподели и фотографија со својот дечко, Матеј Казаков, додека во рацете држи голем букет цвеќе.
Ова е една од ретките фотки на парот, бидејќи Мартија го чува пријватниот живот далеку од јавноста.
Таа минатото лето сподели неколку фотографии на Инстаграм Стори и откри дека е на латување со дечкото, но тогаш не го откри неговиот лик.
Тие сепак се појавија заедно на свадба во Скопје во октомври 2023 и тогаш пејачката објави прва заедничка фотографија со Матеј.
Прочитајте и Мартија Станојковиќ првпат се појави во јавност со дечкото - заљубена, блеска покрај него на свадба (фото)
А. Ј. | Црнобело