Мартија Станојковиќ првпат се појави во јавност со дечкото - заљубена, блеска покрај него на свадба (фото)
- Детали
- понеделник, 16 октомври 2023
Мартија во текот на летото 2023 на Инстаграм стори објави фотка на која покажа дека е на летување со непознато момче, но тогаш не му го покажа ликот. Брзо потоа објави уште една фотографија, по што во јавноста почнаа коментарите дека мистериозното момче ѝ е дечко.
Пејачката Мартија Станојковиќ, која се прослави со учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“, првпат се појави во јавност со дечкото, Матеј Казаков.
Иако е позната по тоа што го чува приватниот живот подалеку од медиумите, Мартија сега сподели фотка од свадба, на која е со својот дечко.
Таа беше облечена во црн фустан со шлиц до колкот, со бело-црн корсет и сандали Yves Saint Lauraent. Косата ѝ беше залижана на страна, a целиот изглед го дополни со проѕирна чантичка.
Матеј, пак, беше дотеран во црн смокинг, со бела кошула и вратоврска пеперутка.
Додека позираше покрај него, пејачката блескаше и не криеше колку е заљубена.
Мартија во текот на летото 2023 дискретно откри дека има дечко, откако на Инстаграм стори објави фотка на која покажа дека е на летување со него, но тогаш не му го покажа ликот.
Брзо потоа објави уште една фотка од непознато момче, за кое во јавноста се коментираше дека ѝ е дечко, но таа не ги потврди коментарите.
Сега, тие првпат се појавија заедно на јавен настан.
Претходно Мартија ја поврзуваа и со Дарко Чурлинов, фудбалерот кој игра за македонската репрезентација, но и тогаш и Мартија и Дарко не коментираа ништо јавно.
Повеќе фотографии од Мартија:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





