Мартија го покажа згодното тело во бикини - ја фотографира дечкото што ретко го покажува
- Детали
- четврток, 18 јули 2024
20-годишната Мартија Станојковиќ е секси на новите фотки - таа позира пред камерата на својот дечко, со кого ретко се појавува во јавноста.
Младата пејачка Мартија Станојковиќ објави неколку секси фотографии во црни бикини и го привлече вниманието на јавноста.
Мартија е со мокра коса, а позира пред објективот на нејзиниот дечко, чија сенка се гледа на една од фотките.
„Се слуша ли ‘Анатомија’?
Дур се сликав си ја слушав новата песна, сакаме ли да ја слушнеме?“, напиша таа на Инстаграм.
Таа не доби одговор на прашањето, а повеќето коментари се емотикони од срца и оганчиња, со што следбениците ѝ дадоа комплимент дека „е жешка“ и „ја сакаат“.
За потсетување, пејачката веќе некое време е во врска со Матеј Казаков, но делува како да го крие од јавноста, бидејќи скоро и да не објавува фотографии со него и ретко одговара на новинарските прашања поврзани со љубовниот живот.
Парот првпат се појави заедно на свадба во Скопје, во октомври 2023, а потоа Мартија објави и негова фотографија во април, кога славеше 20-ти роденден, па се пофали и со букетот што го добила од него.
А. Ј. | Црнобело