Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мартија го промовираше спотот снимен во Дубаи: Брзи автомобили, сцени во пустина (видео)

По две години пауза, Мартија Станојковиќ има нова песна, а спотот го сними на неколку локации во Дубаи.

martija-go-promovirashe-spotot-snimen-vo-dubai-besni-avtomobili-sceni-vo-pustina-video-01.jpg

Пејачката Мартија Станојковиќ вчера (13.05) го промовираше спотот за нејзината нова песна „Анатомија“.

Песната во модерен стил, со брз ритам, Мартија ја направи во соработка со Дарко Димитров, кој се погрижи за музиката и продукцијата, а текстот е на Јанг Дади. Спотот, пак, е снимен на неколку локации во Дубаи.

martija-go-promovirashe-spotot-snimen-vo-dubai-besni-avtomobili-sceni-vo-pustina-video-03.jpg

Мартија игра во пустина облечена во бело, во сцените има и „бесно“ Lamborghini, дел од спотот е снимен на плажа, но има и кадри на некои од највпечатливите локации во градот.

martija-go-promovirashe-spotot-snimen-vo-dubai-besni-avtomobili-sceni-vo-pustina-video-02.jpg

Мартија уште во март преку Инстаграм најави дека работи на нова музика, и тоа со фотографија од студиото на Лазар Цветковски.

„Спремаме песни за пролет и лето“, напиша тогаш таа.

Поради ова, оние што ја сакаат нејзината музика очекуваат уште неколку нови песни од Мартија во текот на годинава.

martija-go-promovirashe-spotot-snimen-vo-dubai-besni-avtomobili-sceni-vo-pustina-video-05.jpg

Ова е прва песна на Мартија по повеќе од две години. Нејзината претходна песна Ne voliš, излезе летото 2021 година.

martija-go-promovirashe-spotot-snimen-vo-dubai-besni-avtomobili-sceni-vo-pustina-video-12.jpg

Погледнете го видеото од „Анатомија“:

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мартија наполни 21 година: Се бакнува со дечкото, прослави и со семејството и со пријателите Мартија наполни 21 година и во еден ден двапати славеше роденден со своите најбл...
Мартија Станојковиќ и саканиот на романтично патување за Валентајн - јадат пица во форма на срце Мартија и нејзиниот сакан Матеј се во врска околу 2 години, но парот многу ретко...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Мартија го покажа згодното тело во бикини - ја фотографира дечкото што ретко го покажува 20-годишната Мартија Станојковиќ е скси на новите фотки - позира пред камерата н...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg