Мартија во црни, Антониа во бели бикини со полутанга – згодните пејачки позираат на плажа
- Детали
- вторник, 13 август 2024
Не се заедно на одмор, но Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ во ист ден објавија фотки на кои позираат во бикини на плажа. По бројните ангажмани, нашите две најнадежни млади пејачки заминаа на заслужен одмор.
Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ важат за едни од најпопуларните млади пејачки на нашата естрадна сцена, а по големиот број настапи и концерти и двете одлучија да заминат на заслужен одмор.
Во минатото Антониа и Мартија често можевме да ги видиме заедно, а ова лето, иако не се заедно на одмор, и двете пејачки во ист ден одлучија да ги почестат своите следбеници на Инстаграм со по неколку фотки од плажа на кои позираат во бикини.
Мартија во мај ја објави песната „Анатомија“, за која подготви и провокативен спот, снимен во Дубаи, додека Антониа во последниот период „под полна пареа“ работи на нов албум.
Но, и двете пејачки одлучија барем на неколку дена да побегнат на плажа и да одморат од големиот број ангажмани и гостувања.
Тие две на Инстаграм објавија фотки на кои позираат во бикини.
Мартија позира во црн полутанга бикини костум за капење со голема шапка и очила за сонце од брендот Fendi, додека Антониа позира во бело бикини со впечатлив маникир во боите на виножитото.
Пејачките не открија каде се наоѓаат, но, јасно е дека овој одмор им е добредојден и ќе им овозможи да ги наполнат батериите и да се подготват за новите предизвици.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Мартија Станојковиќ
Антониа Гиговска
Б. С. Б. | Црнобело