Антониа Гиговска за CRNOBELO од Египет: „Снимавме 3 дена, избравме албино изглед за да ја следи приказната на песната“
- Детали
- четврток, 27 февруари 2025
Откако во претходниот спот беше со куса коса, Антониа се реши за нова трансформација, па во новото видео е со албино изглед, односно има бели трепки и веѓи - еден од најголемите светски трендови во моментов.
Пејачката Антониа Гиговска изминатите неколку дена беше во Египет, каде што го снимаше спотот за нејзината нова песна.
Иако не открива многу детали, Антониа за CRNOBELO.com вели дека и таа и целата екипа не само што работеле, туку и навистина се забавувале, а во текот на целото патување си ја пееле „Боби, баш ми е гајле“, која ќе остане како нивна „химна“ и песна што секогаш ќе ги потсетува на овие денови.
„Превозбудена сум со тоа како ќе изгледа проектот. Само што ја слушнав песната во студио кај Билбилов, знаев дека спотот мора да биде нешто од Египет, Дубаи и слично.
Снимавме 3 дена, но најзабавен момент беше сафари турата, кога нè носеа во пустината да снимаме. Возачот возеше пребрзо и буквално скокавме од седиштата.
Другата работа е што се бањавме во ултра ладен базен и јас и Даниел Николовски и остатокот од екипата, некако не можевме да им одолееме на спа-то и на базените.
Преладно беше и премногу дуваше ветер, ама моравме да влеземе.
И да не заборавам, во текот на целото патување се пееше ‘Боби, баш ми е гајле’ (ха-ха)“ - ни кажа таа.
Антониа го најави снимањето на спотот уште пред полетувањето од скопскиот аеродром, но тогаш не им кажа на своите следбеници која ќе биде крајната дестинација на нејзиното патување.
Таа во Египет отиде со голема екипа, вклучувајќи го и режисерот на спотот Даниел Јовески, фотографот Антонио Станковски, но и нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, фризерот и шминкер Даниел Николовски, кој се погрижи за изгледот на пејачката.
Па откако во претходниот спот, за песната „Жена“ беше со кратка фризура, Антониа овој пат има долга коса, но и бели веѓи и трепки, што е вистински тренд во светот.
„Со Даниел се решивме за албино изглед, зашто тоа одлично ја следи целата приказна“ - ни кажа Антониа.
За снимањето таа смени 3 различни аутфити, зависно од локацијата, а снимаше и во пустина, и на плажа.
„Мe излажаа дека има сонце во Египет“ - се пошегува Антониа на една од фотките што ги сподели на Инстаграм Стори, а на која делува како да е „смрзната“ од ладно.
Погледнете повеќе фотографии од снимањето во Египет:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





